Докторот
дијагностицира и реагира на потребното. Многу различно е бела техника и лекар.

Сакаш да ти објсни лекарот и ТИ да си одлучиш што да правиш? Е тоа малку потешко. Во процесот на лечење главен е докторот, а ти си таму за да помогнеш во дијагнозата. Не да донесуваш одлуки.
Ако на 200 луѓе во денот кај еден општ лекар објаснува... Ох леле. Посебно кај постари лица.
Ама проблемот е што не се плаќа за одење на доктор. Тоа е проблемот! Да се дава по 50 денари од одење на лекар, како што имаше предлог, ќе беше друго. Ќе се намалеа луѓето што доаѓаат за да раскажат како ги болело глава зошто снаата ручекот го загорела, и и викала. Па она трпи заради синот... Па нозете ја болеле кога оди повеќе од еден саат. Па на 72 години, после одење од дома до кај ќерка и 45 минути губи здив... А цел живот оди до таму без проблем. Па друга баба осетила дека на дедото притискоот како качен да му бил, па она дошла да праша... Зошто он ја отерал и и рекол дека ништо не му е.
И истото секоја недела...
И после на брзање било, епа било. Кога има 6 пати повеќе луѓе од што ТРЕБА да има.
Се гледа дека не сте биле во контакт со ПАЦИЕНТИ.
