Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1422531 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Дали мислиш дека треба да поставиме полицаец или уште полошо обезбедување во болниците!? WTF!? Или да ги опремиме докторите со узи? GTA да не играш у последно време?


Коли, ако си за колење. Само ќе си лежиш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Сметам дека треба да се постави полицаец или професионално лице за обезбедување во секој објект. А GTA не играв туку доживеав :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
А бе луѓе - се знае! Додека сите сме под капата на „социјално здравстено осигурување“, ќе биде лошо. Кога мојата фирма ќе плаќа здравствено осигурување во осигурителна компанија, и кога јас ќе одам на зубар (и било кој друг лекар) кај што јас ќе си одберам, а осигурителната компанија ќе ги подмири трошоците, зошто мојата фирма секој месец и` плаќа премија, ќе биде подруго. Тогаш, социјланото здравство ќе се занимава само со социјалните случаи и оние кои немаат осигурување, а кои се далеку помалку од социјални+вработени+студенти+невработени несоцијални+сите 2 милиони на ова парче земја. И на докторите ќе им биде поедноставно, и на пациентите ќе им биде поедноставно.

Моето мислење е дека сегашнава ситуација во здравството, кај што државава и министрите (а и луѓето што плукаат по докторите) мислат дека доктор специјалист треба да зима и да живее со 24.000 плата цел месец, и совесно и одговорно да се справува со 30 пациенти дневно, оди во тој правец - приватизација. Секој што и малку вреди, да си избега во приватно здравство, каде ќе зима подобра плата и ќе има подобри услови за работа, а оние кои не ги бива, да си останат на државните клиники и среќни и задоволни за 20.000 денари ќе си „играат доктори“.

Единствената мака ми е, што јас 12 години откако сум вработен плаќам здравствено осигурување, а немам ни едно плаво картонче оставено, ако пола од тие пари ги давав во осигурителна компанија, сите лекарски интервенции до сега, а и од сега што би ми биле потребни, ќе ми ги плаќаше осигурителната компанија, а не јас од свој џеб.

Така да, ако преживееме (по болнициве), веројатно ќе имаме за 10-тина години подобро здравство. И социјално и приватно. Да бевме асален народ, а не хохштаплерски, ќе имавме пред 10 години подобро здравство.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Кај бе 24.000 Симо? 25.000 зема главна сестра. Доктор зема над 33.000 денари плата плус доплати за директорување, дежурства итн.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Идејата ми е дека цело време промовираат намалување на платите - така?! Дека многу зимале докторите. Ако е под 1000е, има одма да избега во приватно здравство, око нема да му трепне, нормално ако малку вреди! Ако не вреди, не го сакаат во приватно здравство!
Доктор, специјалист, па уште професор на медицински факултет - срамота е да зема 500е плата! И уште го демотивираш, со тоа што му викаш дека тој е крив што рибата смрди од главата - а тој е на опаш во здравствениот систем..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Ретко кој доктор зема над 30.000 денари. Чат-пат некој да земе повеќе. Ама сестрите се и ДАЛЕКУ под 20.000 денари. Ова од 3-4 први руки.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
А као 33 или 35 илјади се грдни пари, за доктор :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Видете, ако изворот на приходи му е САМО платата, да според мене се грдни пари за некој којшто работи со човечки луѓе. Ако сакате реални да бидеме има многу професии што земаат толку плата а се кладам дека никој не би сакал да биде на нивно место.
Проблемот е што има доктори и доктори, и не треба да се ставаат сите во ист кош.
Најголем проблем е што не постои одговорност за направените грешки од нивна страна. Девојчето што загина на плоштад од заскитан куршум, беше моја соученичка, и што испадна на крајот од судскиот спор ... ништо. Не е само овој случај, многу ги има. Каква е реакцијата „Ќе формираме комисија ..“ а сите знаеме дека ако сакаш некоја работа да не се заврши, формирај комисија.

И Банзаи, ти си правник, знаеш каков статус имаат судиите, ама како тоа тие да земаат 1000 евра мин плата  без додатоци итн. а доктор со еден куп специјализации 33.000 плата. А за ризикот да не почнам да зборувам, докторите се на 1 линија со сите замисливи и незамисливи болести, ако нешто и него му се пренесе, после тоа и 10.000 евра малку е.
Само распрашајте се колку години студираат и специјализираат.

Проблемот кај нас, е што валутацијата на многу професии е тотално промашена. Некои се преценети, некои потценети.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Докторот со специјализации студира најмалку 8 години.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Изгледа не си го разбрал мојот пост.

Да го преформулирам: А божем 35 илјади е голема плата за доктор. Или во превод, мала е таа плата за доктор и треба бар да им биде дупло поголема, минималната.

Иначе реално, ни 1000 евра не се којзнае каква плата.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Претпоставувам дека не си мислел дека 35.000 се плата за било кого, а најмалку за доктор, таман работа ако си мислел такво нешто, ама најлесно ми беше да се сфатиме со споредбата на судија и доктор ;)

Само сакав да ги видиме двете страни на проблемот. Јас сум за висока плата ама и висока одговорност.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Се согласувам :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Изгледа не си го разбрал мојот пост.

Да го преформулирам: А божем 35 илјади е голема плата за доктор. Или во превод, мала е таа плата за доктор и треба бар да им биде дупло поголема, минималната.

Иначе реално, ни 1000 евра не се којзнае каква плата.
За наши услови и те како се КАКВА плата.Кога просечна ти е 250,1000 евра се многу над просекот и претставуваат огромни пари за 80% од населението.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Супер е се тоа, и за секојдневен живот бркаат работа. Али ај купи кола, или не дај боже стан :)

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Чим луѓе што зимаат по 400 евра плата возат нови коли и купуваат нови станови,значи дека и ти ќе можеш тоа да си го дозволиш само малку по луксузно :P
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni