Си имаме појаки рестриктивни мерки зошто здравствениот систем не може да поднесе толкава бројка на болни и мртви во исто време. Ние ни сегашнава бројка не ја можеме, едвај се справуваме, а не па да бевме пуштени слободно да шетаме.
Вие шо се буните за мерките дека биле строги, сфаќате дека колку и да пазите, шансите мало невнимание да ве зарази се поголеми со повеќе заболени? Сфаќате дека не знаете како и дали ќе ескалира вашата состојба? Сфаќате дека ако се преполни болниците може да ви речат „чекај ти на ред, имаме помлади од тебе што имаат приоритет“?
Седете си дома и пазете се, дезинфицирајте намирници и кваки и ќе пројде ова. Кој бил среќен да задржи работно место а да седи дома, седнете стекнете некоја нова вештина наместо да теоретизирате за корона, ќе ги импресионирате на работа кога се ќе се врати во нормала.