@Дибидус, можда не е граматички најтојчно, поготово во петок навечер после прилично напорна работна недела, али верувај дека поентата не е нарушена од формата

Битна работа е дали докторот земал лично пари или докторот предложил операцијата да биде побрзо во термини за дополнителен ангажман.
Како што кажав, секој хирург има право на дополнителен ангажман, во истата институција кај што работи. Доколку пациентот смета дека ако иде преку стандардната „мој термин“ процедура (и хируршките интервенции се заведуваат преку мој термин и се ставаат на листа на чекање, за време на специјалистичкиот преглед), му е премногу долго времето, може во договор со хирургот да одредат друг термин во времето на дополнителен ангажман, доколку хирургот сака. Од тие пари кои пациентот ќе ги даде за таков ангажман, голем дел одат за хирургот, но најголемиот дел се за покривање на трошоците за сала, инструменти, асистенти и сл. Ако сакаш фондот да ти плати све, тогаш ќе си тераш со матичен, па мој термин за специјалистички преглед, па мој термин за хируршка интервенција итн. Тогаш ќе те чини 1000-2000 денари партиципацијата и тоа е тоа, со господ напред.
Има и хирурзи, лично познавам, кои воопшто не ја користат опцијата за дополнителен ангажман, баш за да не се калемат муабети дека „земаат пари ако сакаш да те оперира одма“.