Дечки како прво,ДОКТОРИТЕ НЕ СЕ БУНАТ ПРОТИВ НАПЛАТА ПО СРАБОТЕНО,во светот има 3 такви системи кои функционираат и немаат ништо против да биде исто и кај нас,било кој од тие системи. И тоа е кажано пред цела јавност.
Проблемот е што кај нас повторно се бута криминално решение.На некои доктори со 500 интервенции во една општина му се крати од плата,а на некој во друга општина со 250-300 им се додава на плата. Во неретко зависност од политичката определеност на лекарот,и во зависност од тоа кој ја има локалната власт.
Како второ,не си прајте филмови дека докторите зимаат големи плати(Фаланга далеку си од реални цифри).
Доктор штотуку вработен не зима повеќе од 18-20000,а оние со стаж од 15-20год зимаат преку сила 24-28000.А професорите (помалце од 0,1% од целиот медицински персонал во земјава) можат да стигнат до повисоки бројки,повторно недоволни за целата одговорност што ја носат.
Како трето,дали знаете дека според закон мора да посетуваат семинари,курсеви,предавања итн, кои носат бодови со цел да им се продолжи лиценцата,да не останат без диплома. Тоа знае да кошта подоста.
Driver-r -- Тоа што преживеал велиш чиста среќа,а? Епа немој да си пошол на лекар никогаш,ако имаш среќа арно,ако не....
Рибата смрди од главата
Почнавме да не ги почитуваме учителите и наставниците на нашите деца, да не ги почитуваме службениците во државни установи, да не ги почитуваме докторите, да не ги почитуваме луѓето општо. И што е најлошо, нивните претпоставени (министри, заменици, државници) го поттикнуваат истото со некои безвезни потези. За жал, деградацијата на општествените вредности е прогресивна работа и тешко се спречува. Мора да се промени начинот на размислување, уште од самиот вров на пирамидата.
