Антиваксери, нема што да се правдате тука, тоа што сте одлучиле и како сте одлучиле за вашето дете си е ваша работа. Државата ви дава простор да се ставите пред законот и пред мислењето на стручната јавност, никој не ве напаѓа туку вие самите сте си нападни во секоја можна дискусија со давањето до знаење дека не ги вакцинирате своите деца, дека сте прочитале/слушнале некаде и нешто, дека знаете други кои не ги вакцинираат децата итд. Епа морам да ве разочарам модерната медицина за релевантни ги зема само кејс стади рипортс со строго цитирање на секоја добиена информација од релевантни медицински сајтови, спроведени во контролирани медицински услови од страна на медицински лица со висока академска надоградба, подржани од разно разни факултети и универзитетски клиники. И сега сето тоа да се стави на кантар на една страна, а од друга страна Љубица домачица 35 СК која што е главна на фемина и на која што главна тема и преокупација у животот и е мајчинството и има вишок на слободно време, ама битно слушнала и прочитала некаде и нешто на интернет. Тоа некаде може да е и Buzzfeed, сајтот за здрав живот на кумановецот милионер коj се утепа од лапање пари со преведување на прикрпени текстови од алчност или можеби на колешката другарка епа нејзина братучедка знаела некоја која ... Ама вие веќе сте одлучиле и барем информирајте се која вакцина против што штити или дома мајките и татковците нека ви објаснат дека некогаш се лежело во Козле со месеци заради туберкулоза или дека има мажи што не можат да имаат деца ради прележан паротит или дека секоја втора возрасна жена има рани на матката.