Му правевме хемокултура на најмалиот. Имаше некој инфекција, па примаше терапија 5 дена. После една недела одиме по резултати, има сепса. Докторката вели нема шанси да има сепса, пошто клиничката слика му е супер. Ако има сепаса ќе има температура, ќе биде модро и ќе лежи во болница, нема дома да биде. Правиме пак хемокултура, по телефон ни велат дека пак ја има инфекцијата од пред терапијата. После 3 дена стигаат резултатите негативни, ништо нема. Од друго дете ни прочитале резултати. Тоа што некој главата си ја ака дома и неможе да проспие на раат, за некој е редење пасијанс на компјутер.