@balanar Некое инфо или решение за спуштање намалување на креатининот? И од вежбањето се качувал но не одам теретана ниту вежбам со тежини и слично, освен по дома што вежбам по 700-800 стомачни денот, кардио 4-5мин, склекови, итн..
Јас кога вежбав интензивно и баш посветено, имав повеќе протеинска и месна исхрана (пилешко, јајца, туна и сл) + whey шејкови - скоро секогаш ми беше благо покачен креатининот. Во смисла, во рамки на нормалата, ама не она што го очекуваат докторите (никој од нив не те прашува што јадеш, веднаш им е сумњиво). Твојата докторка веднаш „посумњала“ на протеинска исхрана, што е ОК.
Исто така, може си бил благо дехидриран (не секогаш има апла симптоми за дехидрираност) кога ти земале крв за тест.
Пробај ако толку ти е страв, намали ги протеините еден месец и пиј повеќе вода (не знам колку пиеш сега), па направи си тест пак.
Мада мислам дека нема ништо, нормално е колку-толку зголемен креатитин со зголемен протеински внес.
Зголеми ги мастите наместо протеините ако веќе не сакаш јаглехидрати.
Јас сум на on-off (повеќе on) кето веќе 1 година и кусур. 20g ми е лимитот дневно за шеќери
Другото е 131g протеин и 121g масти ~ севкупно околу 1700 калории.
Сега намалив на 1400 калории и спуштив 2kg (од 85 на 83) и сакам да одам на 80kg (висок сум 184-185cm, не знам точно). Имам мало мешенце под папокот што ме нервира и ме нервираат love handles. Ги имам откако памтам за себе (генетика, јбг).
И од вежбањето се качувал но не одам теретана ниту вежбам со тежини и слично, освен по дома што вежбам по 700-800 стомачни денот, кардио 4-5мин, склекови, итн..
И ова е вежбање, сепак.