јас имам ставено плин на колата од 2003-та година и досега имам поминато околу 90 000км 95% на плин без никакви проблеми на колата.
лично мислам дека е многу исплатлива опција и мене многу ми се исплатеше
@krell, секој имама право на свое мислење. во последните неколку страни од темава се повторуваш како не би ставил плин и ги разубедуваш сите што би ставиле.
Ме провали. У ствари сум уфрлен на Форумов од страна на Окта Рафинерија и Државата за да ве убедувам да возите на Бензин, како они би имале поголема заработка а и јас (на процент сум. Што повеќе ве убедам да се префрлите на Бензин, поголема заработка имам. Со Макпетрол дури и компензација направивме и пошто убедив доволно луѓе да се префрлат на плин, добив од нив за таа услуга Honda CR-V бензин. Инаку зашто би возел 2.0 150 кс бензинец што не е конвертиран на плин?).Молим те нека остане само ова меѓу нас, бидејќи тука ме проваливте, ама има и други форуми па нек ми капне нешто од таму ако успеам да ги разубедам.
А да.. И мала забелешка.. НЕКОИ, а поготово новите , и поготово кај 10 пати наведените марки се јавуваат проблемите.. НЕ КАЈ СИТЕ. Твојата кола е веројатно постар модел, каде што нема проблем.
Ова ми е сигурен знак дека јас у ствари џабе сум пишувал све.
Дури и кај нова кола каде што не е детектиран проблем, не би бил среќен од масакрирање, модифицирање и губење на багажен простор. Ако веќе не ми треба багажен простор и сакам да е ултра евтино ќе возам точак (ко што возам), или веспа.