Јас бев еден од тие скептици.
Кога ставив плин на првата кола, се нешто мислев дека се случува дека не е како што треба итн итн. Инаку да напоменам дека моторот спаѓаше во онаа група на осетливи мотори на плин.
На првото палење на Check Engine сијаличката, скоро и да сакав да го извадам плинот. А оно свеќиците требало да ги извадам и фрлам, не ни чекав да се провери, одма плинот е крив.
Ама ми помина тој период, ~60.000 км ги извозев без никаков проблем, пола од нив далеку над 140км/ч. Колата 80% од километрите беше возена на отворено.
Бидејќи добро поминав, од пред некој месец имам плин на Аурис, кој исто така спаѓа во таа ризична група на возила.
Ќе видиме овој пат како ќе биде.
Мислам дека ние што имаме возила со осетливи возила конвертирани на плин, треба да припазуваме и однапред да планираме некој работи.
Јас за мене можам да кажам, кога возам релаксирано, пример околу 100 км/ч сум на плин, на бензин знам да префрлам по превоиве кај нас.