Поминувам 450км со 1200 денари плин, горе/долу зависно од цената на плинот. 1200/450= 2,66666 денари по километар.
На мојот плински уред не се менуваат филтри, наводно е нов модел, но јас ќе сменам филтер на 20.000 кој кошта ако добро памтам 1200 денари. Свеќици ќе сменам на 20.000км кои ќе ме коштаат 1200 денари за 3 комада од поскапите на Denso со Twin Tip. Трошокот би требало да ми биде толку од прилика.
И те молам стави ја и ставката за потрошен бензин.. Или и ти не возиш на бензин воопшто и не ја ни палиш на бензин?
Пардон, го испуштив тој момент.
Малце ми е тешко да пресметам ама ќе пробамшто е можно поточно.
На секој трет резервоар плин со кој проаѓав во зимски услови по некаде 380км вкупно 1150км дотурав по 500 денари бензин што е некаде 6,5л. Значи 500 денари делено на 1150км тоа е 0,44 денари по километар дополнително на вредноста од 2,6666 денари. Сума сумарум некаде 3,05 денари по километар ме фаќа сосе бензинот.
Ова е под услов да сум возел секогаш исто, но во тој периот зимава неколку пати брзав многу и возем од гостивар до скопје со 130 што е окулу 5000 вртежи кај мојот мотор чисто на бензин. Али од прилика толку е.