Сакам да реновирам кров, моментално има греди летви и керамиди поставено пред околу 30 години и така е оставено. Со тек на време се измстиле керамиди попуштиле летви, на 5-6 места има изместени скршени керамиди и што капело има неколку греди кои се добро изгниени.
Ќерамидите се во добра состојба грубо околу 5% оштетени.
Површината е околу 65м2, висина има бидејќи е планирано за тавански соби, и кровот е поделен на средина (не знам како да го кажам ова вака најлесно /\ haha )
Препорака што како да направам? Веројатно ќе треба комплет да се открие и да се заменат гредите (барем изгниените) па дали да се искова целиот со даски па потоа летви и керемиди како што ги прават сега (мислам дека се викаа ладен кров така некако...?)
Ме интересира како точно оди монтажата/постапката (греди -> даски -> парапропусна фолија? -> летви попречно -> летви хоризонтално -> керамиди)?
И отприлика да си направам груба пресметка колку ќе ме кошта ако има некој искуство со цени, материјали и мајстори.
моментално јас го правам ова што сакаш ти да го почнеш

за 180 квадрати 8 кубика даски - 1m3 = 10500ден
тер-хартија (одлучив да не ставам паропропусна фолија)
шајки, летви...
Кај мене кровот е на 4 води (>-<) таков е одозгора

се вадат керамидите, олуците. Се коваат даските на гредите.
Се става терхартија и врз неа вертикално на секоја греда се кова летви. Потоа се коваат хоризонталните летви на кои што
лежат керамидите.
Јас ги ставам истите керамиди иако се 30 години стари знам дека ќе траат уште толку без никаков проблем.
Капаците се еден 140 денари, бидејќи се лепени со малтер потруди се да не ги испокршат.
Ги симнував доле и ги перев со вап. Пожелно е сега да ги штрафат капаците бидејќи мислам дека подобро е за вентилацијата
која струи измеѓу тер-хартијата и керамидите а и следен пат ако треба да ги вадиш многу е полесно.
Оџаците кои се 2 на број ги малтерисаа убаво, после јас ќе си ги направам со рабиц мрежа и лепак и надворешен глет со боја за фасада.
На крај доаѓа лимар, зима мерки за олуци, опшивки за оџаците итн. Зачувај ги држачите од олуците предходно што ти биле, бидејќи
еден е 1-2 евра а се става на секоја греда. Остави си отвор за излегување над керамиди, немора да е прозор, може да е поклопец од лим
како на зградиве што има.
Ако ти треба некоја консултација слободно прашај.
- јас не сум мајстор но барем знам нешто нешто...