Сакам да реновирам кров, моментално има греди летви и керамиди поставено пред околу 30 години и така е оставено. Со тек на време се измстиле керамиди попуштиле летви, на 5-6 места има изместени скршени керамиди и што капело има неколку греди кои се добро изгниени.
Ќерамидите се во добра состојба грубо околу 5% оштетени.
Површината е околу 65м2, висина има бидејќи е планирано за тавански соби, и кровот е поделен на средина (не знам како да го кажам ова вака најлесно /\ haha )
Препорака што како да направам? Веројатно ќе треба комплет да се открие и да се заменат гредите (барем изгниените) па дали да се искова целиот со даски па потоа летви и керемиди како што ги прават сега (мислам дека се викаа ладен кров така некако...?)
Ме интересира како точно оди монтажата/постапката (греди -> даски -> парапропусна фолија? -> летви попречно -> летви хоризонтално -> керамиди)?
И отприлика да си направам груба пресметка колку ќе ме кошта ако има некој искуство со цени, материјали и мајстори.