Градбата не е лоша, 1986та мислам дека е.. Во комшии ставија од тој црвениот плек пред 10тина години, и сега целиот е црн направен и куќата личи како ѓаволско дувло
Некој да ми пушти број од некое стовариште скопје да се јавам да прашам ? Тука Кичево прилично скап е.. Најобичен плек околу 320 денари квадрат е...
Најдобро да си се консултираш со мајстор кој ќе ти го мести. Не можеш само да земеш плех од Скопје и толку, има и други пропратни ситници со плехот. Рачунај дека ако сам го набавуваш плехот или ќе ти остане многу отпад илиќе ти фали, па ако немаш кај тебе ќе треба да се заебаваш да земаш од Скопје што се дополнителни трошоци плус мајсторот ќе ти наплати сигурно троа поскапа работна рака. По мене најдобра опција би ти била да си најдеш квалитетен мајстор кој сам ќе си го набави плехот и другите додатоци, нема да се замараш ако ти фали табла или две или ти останале вишок и плус во тој случај ако е фер би требало помалку да ти наплати за работна рака пошто ќе има заработка на самиот плех.
За црвената боја на плехот, кај мене е веќе 5-та година и иста е бојата како од првиот ден. Лаички претпоставувам дека е до квалитетот на плехот и плус можеби што не паѓаат и не се задржуваат лисја на кровот. Кога бирав боја се одлучив за црвена од естетска причина пошто плехот е имитација на керамида. Има кај мене еден ставено бела боја ама куќата од страна изгледа како плевна во село.