Во зависност од самата градба на куќата во поглед на големина, цврстина, темели и слично плехот излегува како подобра варијаната од керамида бидејќи во старт е полесен. Е сега, имаш разни плехови: обичен, пластифициран, пластифициран со изолација итн, а во зависност од тоа имаш и различна цена. Јас лично кај мене имам пластифициран плех без изолација (посебно имам ставано изолација под гредите) во црвена боја и форма имитација на керамида. Лично мене кога врне ми прави мерак звукот што го дава и воопшто не ми пречи. Чисто субјективно мислење.