Се тоа фино изгледа на лик, али кардинална грешка е у купатило да стаиш плочки со вдлабнатини, со испакнатини, со трзалици, ситни делчиња, реденки, со чуда со врагови. Оди па одржувај ги после да те видам... Колку и да си педантен и да внимаваш коа ќе се напика прљавштина, влага, па се тоа фино коа ќе застои бидејќи не можеш темелно да исчистиш се знае резултатот. У купатило само мазни плочки и по можност потемна фуга. Не е битно, има едни фуги кои полесно се одржуваа, малку се поскапи( не ми текнува во моментов како ги викаа) ние такви ставивме...
Исто така и врати/стакла за туш кабина кои не се матирани е лош избор. Реков, на лик да, ќе изгледа добро и модерно, ама од хигиенска гледна точка е лошо. Мое мислење.