Се работи за хилта енхел, ми се зезна лагерот на футерот сдс ми испаѓа бургијата, кај да најдам лагер или каде ефтино би ја поправил?
еИнхел се некои увозници од куамново. продавница имаат на патот кога идеш према излез од скопје од страната накај велес-куманово. само што ке ја поминеш бензинската на макпетрол, од десна страна има неколку дуќани, едниот од нив се они. можат да ти средат да ја оставиш
хилтата дрилл машината (дупчалка) кај нив и они да ја сервисираат...
порано имаше на зелено пазарче еден тип што сервисираше машини. остави му ја денес, утре средена ке си ја земеш и не беше скапџија... арно ама престана да работи со тоа... ако евнтуално дознаеш некој таков, да го има во скопјево, те молам контактирај ме одма, и пиши ми некоја контакт информација од мајсторот...
или било кој од форумов ако знае таков мајстор нека ми пише контакт негов или барем локација... во моемнтов имам 4-5 дрила што стојат во магацин, во кутија со оштетени-потрошени делови на нив од работа...
да појаснам зашто го прешкртав зборот хилта... затоа што хилта е бренд на дрил машина.. исто ако што е и еинхел бренд на дрил машина или дупчалка... никако неможе да биде хилта еинхел... иако, морам да признаам дека и јас за машините често вика хилта и знам дека грешам, амами излетува многу често... навика, што останато е од времето, затоа што хилта е прва што донела такви машини кај нас... исто како што и кај многу луѓе сеуште за скутерите викаат ВЕСПА.. а веспа е уствари бренд на скутери.. исто како и пијаџо и слично... имам еинхел хилта му доаѓа како да речеш имам пијаџо веспа.

ова беше едукативно за новите генерации... да не ја грешат работава како јас
