@velestrumf
Околу куќа ни на душман не би му препорачал бехатон.
Бетонска стаза. Под неа ископано, ставен најлон, односно изолација против влага, крупен песок да порамни малку, арматура односно мрежа, и одозгора бетон. Здраво пријатно. Врз бетонот можеш да ставиш плочки или едноставно да го оставиш таков каков што си е.
Бехатон.
Ако ставиш околу куќа бехатон, што е проблемот. Постојано ради песокот ке држи влага. Таа влага ке ја поприма куќата. Бехатонот е добар за стазичка која е подалеку од зид на куќа.
Еве ти конкретен пример. Кај мене гаражата има канал. До сега не памтам каналот да имал влага или нешто слично. Имало можеби нешто минимално, но не како сега. Тоа сега е од пред две години. Претходно околу гаражата имаше стаза, патече кое беше асфалтирано.
Коа имаше избори, за да се направат многу добри, нашите тукашни шерифи решија да ни ја модернизираат населбата, па почнаа да копаат, да откопуваат, сите патеки ги направија со бехатон. Но претходно пуштија и цевки и црева за оптика кој денеска служат за набивање на ѓубре во дупките од деца, и нормално збиралиште и дом на глодари, инсекти итн итн.
Околу гаражата наредија бехатон, да убаво е за око. Но од тој ден па навака каналот ми е целосно во влага. Малтерот на зидовите почна да ми се распаѓа.
Претходно водата од дождовите преку асфалтираната стаза се слеваше во шахтата, а сега и покрај тоа што има огромен пад, водата не ни стигнува до таму, него си понира низ празнините на бехатонот. И нормално право во канал.
Ј-би га, каналот е правен 64-та година, не е енергетски ефикасен и нема изолација околу него. А и немало влага 50 години, се додека не се употребија софистицирани методи за изградба на стази,( да им се намочам на модерната техника).
Тоа е реалност.
