Да прашам нешто, дали на некој му е познат терминот печатен (штампан) бетон?
Имам во дворот едно 40м2, патеки за колата до гаража, кои сакам да ги бетонирам. Буџет 24000ден. Само бетон ќе ме чини едно 12000ден, меѓутоа бидејќи ќе газам на него едно 2-30 години сакам да лични на нешто. Планирав со камен ама ми е скапо (600ден м2 најобичниот), а павер, бек(х)атон нејќам иако ми е во буџетот.
На интернет најдов само од
Јадро Инженериг, кои се во Скопје, а јас во Битола.
Не би требало да е скапо(си велам) а убаво изгледа завршно.
Друго дали некој знае во Битола што изведува вакви работи или ги поседува калапите и тие прашаците па сам да си го направам или било што?
Секоја информација добредојдена.