Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1590486 пати)

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3555 на: 20 Април 2015, 22:34:34 pm »
види вака, јас таков купив и местев кај мене во купатило намокрив едно парче и се направи партал, се топи гипсот не е ко да не пропушта вода - врска нема, ако дојде вода до гипсот си упива и се раскашавува.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3556 на: 20 Април 2015, 22:39:29 pm »
Фала ти @Pistorij . Баш барав по дома некое парченце за да направам едно видео на кое ке биде покажано колу е водоотпорен. Уствари тој е влаго отпорен, а не водоотпорен. Затоа и ти реков без хидромал флекс никако да не се остави гипс незаштитен.
Ако не ти е мака, натопи едно парченце со вода и сликај го после 5 минути, да се види што се случува од гипсот.
:)
Односно од картонот.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3557 на: 20 Април 2015, 22:49:06 pm »
Кај мене пред година ипол на купатилото ставија гипс мислам дека беше зелен и одоздолу што мачкаа смесата доаѓа како пластифицирана. Сега за сега нема никаков проблем.
Цената беше околу 20 евра квадрат и го направија за еден ден.

еве слика.


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5202
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3558 на: 20 Април 2015, 23:04:49 pm »
по колку вати ти се лед панеливе и како си задоволен?

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3559 на: 20 Април 2015, 23:07:30 pm »
Јас се мислам горе плафонот како и од што да го правам со гипс некако не ми се прави.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3560 на: 20 Април 2015, 23:16:24 pm »
по колку вати ти се лед панеливе и како си задоволен?

Појма немам колку вати се.. али искрено повеќе од доволно за купатило бидејќи одлично осветлуваат можеби може да се помине само со еден али знаеш како е нека има вишок отколку да фали. А ги имам и заборавано па светеле подолго време па немало проблем. А инаку доста интересни се бидејќи се дебели околу 1 цм.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3561 на: 20 Април 2015, 23:49:12 pm »
Фала ти @Pistorij . Баш барав по дома некое парченце за да направам едно видео на кое ке биде покажано колу е водоотпорен. Уствари тој е влаго отпорен, а не водоотпорен. Затоа и ти реков без хидромал флекс никако да не се остави гипс незаштитен.
Ако не ти е мака, натопи едно парченце со вода и сликај го после 5 минути, да се види што се случува од гипсот.
:)
Односно од картонот.


ме тераш тука у ниедно време...
еве се гледа на почеток со меурчињата и на крајот дека упива вода за помалце од минута а за 5мин е ко торта.
https://youtu.be/RLsgXOS6BOM

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3562 на: 21 Април 2015, 00:07:50 am »
Водоотпорниот гипс картон е отпорен на влага, и затоа е погоден за куптаила. Тоа е влага од воздухот, не директно изложување на вода.  Ако е изложен на вода мора посебно да се третира

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3563 на: 21 Април 2015, 00:40:35 am »
17кг само осмица дсебелина, 5-тка е малку.
Ако ставаш 5-ка гледај да е минимум 20 а пожелно е 25 килска.


Поголема килажа, подобро.

Ако не се проблем финансиите камена стави.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3564 на: 21 Април 2015, 00:56:51 am »
кога му кажав дека е само за тоа, почна да ми покажува плафонски "карикатури" што работеле... така да на малце не му се фаќаше, а и пола саат се мислеше цена да ми каже.
Сега па Мајстор за Плочки кај и да е треба да барам, гледам кај моите слабо по правило некое си се лепени а богами и на работа веројатно секој по своето... нели од средина на просторијата се мери
Страв ми е да отидам во она Шате на Качанички да не ме опнат со некоја цена

Мајстор за плочки тешко се наоѓа и се чека на ред, сите се зафатени со објекти. Стандардно е околу 5-7 евра за квадрат зависи од квалитетот на мајсторот, а глеј да биде квалитетен и секако од каде и да ги купиш плочките нека ти кажат таму како се редат посебно ако имаш некоја шара, мајсторот ке гледа најбрзо што може да заврши работа. И не се плаши да отидеш кај Шатевци, имаат голем избор и на ефтини плочки, ама обично не ти се свиѓаат одкако ке ги видиш скапите :D

Има ли гипс картон кој може да издржи секојдневно константно прскање, полевање со вода? Фазер или како ли беше?

Има решение и за водоотпорен гипс-картон, се вика wedi плочи. Со ова се прават интересни ствари, па дури и базени, еве ти едно видео. А како што веке неколкумина споменаа, зелениот е поотпорен на влага од обичниот, ама натопи го и тој ке се стопи. Напни го мајсторот да ти го покрие и тој дел.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3565 на: 21 Април 2015, 01:15:43 am »
Има решение и за водоотпорен гипс-картон, се вика wedi плочи. Со ова се прават интересни ствари, па дури и базени, еве ти едно видео. А како што веке неколкумина споменаа, зелениот е поотпорен на влага од обичниот, ама натопи го и тој ке се стопи. Напни го мајсторот да ти го покрие и тој дел.

кај го има ова кај нас да се земе? ако го има воопшто...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3566 на: 21 Април 2015, 08:05:29 am »
ме тераш тука у ниедно време...
еве се гледа на почеток со меурчињата и на крајот дека упива вода за помалце од минута а за 5мин е ко торта.
https://youtu.be/RLsgXOS6BOM


хахахаха
Фала ти многу. Барем има сега видео да се види што се случува.
Како што реков и претходно. Едно е да е влаго отпорен, а друго водо отпорен.

Инаку плафонот можеш од оваков зелен влаго отпорен гипс да го направиш во купатилото.
Ке му ставиш нормално една до две раце хидромал флекс, ако имаш, у најлош случај доволна би била и У врска, пошто после две раце намачкани и она се прави како пластика. После тоа го глетувате со глет маса за надворешни ѕидови. И го кречиш со боја за фасади, :) Таа е исто така акрилна и водо отпорна.
После тоа си раат :)


Има решение и за водоотпорен гипс-картон, се вика wedi плочи. Со ова се прават интересни ствари, па дури и базени, еве ти едно видео. А како што веке неколкумина споменаа, зелениот е поотпорен на влага од обичниот, ама натопи го и тој ке се стопи. Напни го мајсторот да ти го покрие и тој дел.

кај го има ова кај нас да се земе? ако го има воопшто...

Веројатно никаде, или за да ти го донесат ке треба по порачка и ке чекаш можда месец, два и ке ти го наплатат како шлепер гипс картон а ти си порачал две табли.
Кај нас бре другари се носи тоа што се троши.
Обичен гипс картон, влагоотпорен гипс картон, а за огноотпорен ке треба да побараш по неколку складови, оние кои имаат 50% од производите за работа со овакви материјали.
Тие со 50% се едни од најснабдените.

Инаку сите оние други се со снабденост од 10 до 20% со материјали.
:D :D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3567 на: 21 Април 2015, 09:45:14 am »
па точно тоа и ми беше поентата... ако го нема, неможе да се најде, зашто тогаш се представува како опција за нешто... конкретниот член напиша дека МОЖЕШ И ВАКА да направиш ако сакаш, водоотпорно е... не неможеш, зашто тоа го нема кај нас..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3568 на: 21 Април 2015, 10:12:52 am »
Го има кај нас ова Wedi.

Уште по прецизно го има во станот на Додо.

Додо нека ви кажи од каде го набавил.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3569 на: 21 Април 2015, 10:19:05 am »
Фала на советите. Така и си мислев. Ќе му кажам на мајсторот.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson