Јас до сега имам искуство со неколку клима уреди...Најпозитивно сум имал и се уште имам со Филиа, обична 2,5KW. Лади прекрасно, грее без никаков проблем до температура од -3 до -5 максимум. Нормално за да биде ефикасно, но под -3 веќе се осеќа дека не е тоа што треба да биде. Инаку се работи за одприлике 25 квадрати, висина ан просториите од 2,5...Во станот имам две ЛГ, 3,5 kW и двете се користат само за ладење...Еднаш или два пати се вклучени во оној период измеѓу кога парното н до 2,6 метра е е пуштено, значи +10 температура, и немало проблем.
Во куќата на спрат имам две клими...Во дневна Тошиба Авант Инвертор. 3,5 kW на ладење и 4,2 kW на греење. Така е декларирана. Со неа загревам без никаков проблем барем до сега простор од 33 квадрата со висина од 2,6 метра.
Во спалната од 16 квадрата имам Беко, обична 3,5kW и со отворена врата од спалната го греам горниот дел од ходникот, со квадратура од некој си 15-ина квадрати кои се со скали...Топлината не оди надоле, нормално, па затоа или ми фали една клима доле у претсобјето со која ке греам се останато.
Значи до сега со досегашниве температури не сум имал никаков проблем при греењето. Значи температурите не паднале многу многу под нула...
Бекото по каталог е дефиниран за температури до -7, додека Тошибата е декларирана дека треба да грее без никаков проблем и до -15. Од дечките што ми ја монтираа Тошибата добив информација дека двајца од нив греат станови со по три клими тошиби за некој си 100-тина квадрати без никаков проблем.
Тошибата ја одбрав читајќи еден куп статистики, форуми, коментари и пррепораки. Мислам дека во моментот кај нас нема подобар избор за парите...
Од сигурни извори дознавам дека и Панасоникот кој се продава кај нас како инвертор не е инвертор во права смисла на зборот...За да бидете сигурно во тоа, треба добро да ги проучите ознаките на единиците и бројките според кои може да се одреди дали климата има или нема инверторски систем во неа.