Инверторот рецимо е скап, а немора да значи дека ќе грее подобро од обичната.
„Инвертерот“ Е гаранција дека ќе грее, а богами и лади подобро од „обичната“ клима
Прво да се разбереме дека она „инвертер“ е малце непрецизно кажзано, бидејќи
секоја клима на оној свет е инвертер на топлина. Нема клима без инвертер. Но, овие што ги викаат „инвертер“ уствари се со „инвертер кој може да се регулира“. „Обичната“ клима има инвертер на топлина кој не може да се регулира: инвертира секогаш во еден правец и со една „јачина“. Или работи или не работи. Се регулира само брзината на вентилаторите.
Кај овие што ги викаат „инвертер“ има
подесив инвертер. Може да се регулира и брзината и правецот на течење на фреонот. Тоа својство е добредојдено во цела низа сценарија, меѓу кои и греењето: кога надвор е многу ладно, мрзнењето се избегнува со фина регулација на моќноста на ивертерот и смрзнувањето на влагата е
одложено до таа мера да меѓу секои две автоматски одмрзнувања (да, сами се одмрзнуваат) помине отприлика пола саат (зависи колку е ладно надвор), што е доволно за една „тура“ греење. После 5 мин пак нова тура итн итн...
Кај класична клима не се регулира ништо, таа е многу прост уред кој кога ќе се смрзне (а на ладно ќе се смрзне многу брзо) тоа е тоа
па така, како резултат, климите со подесив инвертер (тнр. „клими со инвертер“) можат успешно да греат и до -10 па и поладно, услови во кои обичните клими немаат шанси да работат
Можноста за одложување на мрзнењето е корисно и во летните горештини: климата ќе олади повеќе со исто ватчасови потрошена струја бидејќи размената на топлината ќе биде континуирана и фино регулирана наместо само просто „има/нема“.
Друга добра ствар е што таквите клими се у принцип поскапи, така да дури и да сакаш - тешко дека ќе утнеш со некој евтин шрот