Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1476409 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2235 на: 18 Декември 2013, 10:18:01 am »
btw Како е сега на ладново куќата?

Само ќе кажам дека со една мочана панелка у приземјето - и тоа приклучена на слаба струја (напонот ретко иде над 150 волти!) - и една клима на спратот, доле е 21-22 степени, а горе 25+. За постигнување на таа температура се потребни околу 10 саати од влегувањето во ладна куќа.

После една недела оставена куќата со све исклучено, температурата унутра останува некој 8-9-10 степени. Не ми се веруваше и купив нови термометри - мислев овие стариве нешто се дефектни :-)

Задоволен!

Само да ја среди струјата евн во селово (има најави) мислам дека комплетно ќе го напуштам планот за греење на дрва. Ќе си земам уште 2 панелки и 1 клима за доле и фала многу пријатно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2236 на: 18 Декември 2013, 11:11:27 am »
Клима, клима, само да се распрашаш за кои се најбољи за греење.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2237 на: 18 Декември 2013, 12:12:30 pm »
Клима, клима, само да се распрашаш за кои се најбољи за греење.

Па, оние најскапите  ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2238 на: 18 Декември 2013, 12:17:13 pm »
Клима, клима, само да се распрашаш за кои се најбољи за греење.

Па, оние најскапите  ;D
Не, не. На пример Самсунг не се баш за греење под 5 степени. А Панасоник рецимо се подобри и работат убаво до 0 степени. Тресам Кериер работат убаво до -3 степени. Не се точни имињава, треба корекции. Само за пример пишав.
Ова е познато, само не сум во тек со уредиве. А ќе ми треба и мене клима следното зимо која ќе е одлична и за греење. Зошто веќе греењето мора да се изведува на што поекономичен начин. А климата во моментов води на тоа поле. Можеби не за испод нејзината температура, ама ние и немаме зими јаки. Еве оваа зима прогнозата е дека ретко ќе има минус во текот на денот во Скопје.
Треба да се види убаво. Не е само до цената. Инверторот рецимо е скап, а немора да значи дека ќе грее подобро од обичната.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2239 на: 18 Декември 2013, 12:29:30 pm »
колега дома купи инвертор беко 5.5кв 3та зима по ред вклучувајчи ја и таа јаката пред 2 години мака немаше, загреваше 40 м2 без проблем и дење и ноќе

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2240 на: 18 Декември 2013, 12:32:03 pm »
Дај линк кога ќе можеш да видиме моделче и карактеристики. Се греат само на клима? Ако да, браво.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2241 на: 18 Декември 2013, 13:12:23 pm »
и да го прашам нема да знае да ми каже постар човек е, инаку по препорака од еден човек што работи со климатизации отиде и ја купи. знам дека ја плати приближно 45000 денари

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2242 на: 18 Декември 2013, 13:15:30 pm »
Инверторот рецимо е скап, а немора да значи дека ќе грее подобро од обичната.

„Инвертерот“ Е гаранција дека ќе грее, а богами и лади подобро од „обичната“ клима

Прво да се разбереме дека она „инвертер“ е малце непрецизно кажзано, бидејќи секоја клима на оној свет е инвертер на топлина. Нема клима без инвертер. Но, овие што ги викаат „инвертер“ уствари се со „инвертер кој може да се регулира“. „Обичната“ клима има инвертер на топлина кој не може да се регулира: инвертира секогаш во еден правец и со една „јачина“. Или работи или не работи. Се регулира само брзината на вентилаторите.

Кај овие што ги викаат „инвертер“ има подесив инвертер. Може да се регулира и брзината и правецот на течење на фреонот. Тоа својство е добредојдено во цела низа сценарија, меѓу кои и греењето: кога надвор е многу ладно, мрзнењето се избегнува со фина регулација на моќноста на ивертерот и смрзнувањето на влагата е одложено до таа мера да меѓу секои две автоматски одмрзнувања (да, сами се одмрзнуваат) помине отприлика пола саат (зависи колку е ладно надвор), што е доволно за една „тура“ греење. После 5 мин пак нова тура итн итн...

Кај класична клима не се регулира ништо, таа е многу прост уред кој кога ќе се смрзне (а на ладно ќе се смрзне многу брзо) тоа е тоа

па така, како резултат, климите со подесив инвертер (тнр. „клими со инвертер“) можат успешно да греат и до -10 па и поладно, услови во кои обичните клими немаат шанси да работат

Можноста за одложување на мрзнењето е корисно и во летните горештини: климата ќе олади повеќе со исто ватчасови потрошена струја бидејќи размената на топлината ќе биде континуирана и фино регулирана наместо само просто „има/нема“.

Друга добра ствар е што таквите клими се у принцип поскапи, така да дури и да сакаш - тешко дека ќе утнеш со некој евтин шрот

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2243 на: 18 Декември 2013, 13:20:04 pm »
Инвертер значи дека надворешниот мотор е DC за кој е потребна PWM контрола за регулација на вртежите.
Kaj неинвертер значи дена надворешниот мотор е AC за кој не е потребна контрола, но работи со фиксна брзина.

Инвертер не значи дека ќе може да загрее повеќе од обичен систем. Ако може, ќе те замолам за извор.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2244 на: 18 Декември 2013, 13:32:03 pm »
не дека од инвертерот ќе излага повруќ воздух, туку тој исто вруќиот или дури ни не толку вруќиот ќе дува подолго вкупно време, па така вкупното (а не инстантно) количество разменета топлина ќе биде поголемо. за исто потрошена струја, нешто повеќе btu. Под одредена температура обичната клима више не работи, а инвертер уште ќе се мачи и ќе дуфка млако.

кога реков дека „сите клими се инвертер“ мислев на „сите клими се топлински инвертер“, не струен.

http://en.wikipedia.org/wiki/Air_conditioner_inverter

"An inverter in an air conditioner is used to control the speed of the compressor motor to drive variable refrigerant flow in an air conditioning system to regulate the conditioned-space temperature. By contrast, traditional air conditioners regulate temperature by using a compressor that is periodically either working at maximum capacity or switched off entirely."

На пример, види ги овие две клими, една „инвертер“ другата „обична“. Двете беко, двете со иста моќност (уствари, обичната е трошка помоќна). Инвертерот грее нешто повеќе што не е ни толку битно. Битната е работната температура која кај инверторот е до -10, а кај обичната -6. Тие 4 степена разлика не звучат како многу, но може да направи реална разлика меѓу палење на печка на дрва или непалење на печка на дрва. Греење цела ноќ или не греење цела ноќ (ноќе паѓа температурата надвор, а -10 е поретко отколку -6).

http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_56_144&product_id=206004
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_56_143&product_id=201755


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2245 на: 18 Декември 2013, 13:43:58 pm »
Баш ги гледам во нептун. Таа од 26к и таа од 39к инверторите од Беко. Ми делуваат таман за потребите.

Остај ти спецификации што пишуваат. Барем ти знаеш како функционира научниот метод, сигурно некој направил тест.

Е сега:
Во екстремни случаи инверторот и неинверторот ќе се однесуваат исто. Бенефитите на инвертор додаѓаат во средните температури а не во екстремите.
Да земеме надворешна температура од 50 степени. И двете клими работат со полн капацитет. Инверторот може да ја намали брзината на моторот, но тогаш нема да може да одржи температура. Никаков бенефит.

При 30 степени, инверторот може да си дозволи да намали брзина, а обичниот ќе пали и гаси. И двата ќе одржат иста температура ако се друго е исто.

При 10 степени (греење) инверторот ќе си дозволи да намали брзина зошто постигнал температура. Обичниот ќе пали и гаси. И двата ќе одржат потребна темепратура исто.

При 0 степени (греење) инверторот работи со скоро полн капацитет, како и обичниот. Многу мал бенефит. Веќе доаѓаат до израз други параметри на одмрзнување на надворешната решетка. И двата ќе се палат и гасат одвреме навреме за да ја одмрзнат решетката. Или ќе намали инверторот за да не замрзне (пришто ќе грее помалку)

При -10 степени (греење) инвероторот работи со полн капацитет, како и обичниот. Нема разлика меѓу двата, обичниот работи и замрзнува. Па одмрзнува па пак работи. Инверторот работи постојано но со намален капацитет за да не замрзне. Се гледа бенефит со тоа што обичниот скоро и да не грее, а инверторот грее малку.

Овие работи се разликуваат од фирма до фирма, кој како си контролира. Ама принципот треба да е сличен.

Муабетот што го правев јас е дека тие декларирани вредности не се баш точни. Зошто? Затоа што се полуизмислени. Различните пристапи на одмрзнување и палење ги прават Самсунг (мислам) полоши за греење од Панасоник. Иста цена, иста јачина, исто инверторство. Поентата ми е да се открие кои марки повеќе вредат да се купат.
Рецимо Самсунг инвертор ќе грее помалку на -5 од обичен Панасоник на -5. Односно Панасоник обичниот грее повеќе од самсунгот обичниот при исти карактеристики.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2246 на: 18 Декември 2013, 14:53:02 pm »
Se ubavo napisano pogore, samo e ispusteno da se kaze deka koga e vlaznosta vo vozduhot golema (magla) klimite imaat
mala mokjnost, t.e. mozat da postignat 19 C, a toa koga e -5C e problem.
Inaku posto se gream na klimi, sum go primetil ova.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2247 на: 18 Декември 2013, 14:58:26 pm »
На какви клими, пиши искуство.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2248 на: 18 Декември 2013, 15:05:02 pm »
Ednata e Midea Inverter 5,5 trosi 1500W gream dnevna od 50m2, vtorata e LG obicna trosi 1100W gream sprat od kukja od 50m2,
sto e najcudno LG raboti bez problem na minus i plus temperaturi ima turbo fan, pomalku trosi a isto gree.
Treta klima imam vo dogradba od 30m2 Hyndai so potrosuvacka od 700W, kupena od Elektroelement, i taa se pokaza OK.
Napomena, izolacijate e OK, taka sto za el.energija vkupno za greenje, bojleri, sporeti, rasveta so sve vkluceno, vo Januar i Februar
max. smetka e 12.000 den. sto e prifatlivo, a letno vreme 2500,00 den. za sve.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2249 на: 18 Декември 2013, 15:39:19 pm »
Јас во стан летно време испод 4000 денари не сум,а клима сеуште немам инсталирано. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D