Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1476285 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2250 на: 18 Декември 2013, 15:47:14 pm »
Со БЕКО инвертер 13-ка греам 5 години наназад простор од 30+ квадрати без никаков проблем и во најладните денови и ноќи.

Летно време ја пуштам на 25 степени да лади и го лади цел стан 55 квадрати. Во најжешкото спијам во соседната спална (климата е во дневна) и на 26 наместена без проблем ја лади спалната преку ходник.

Башка е страшно економична!!! Чудно е дури...

Највисоката вкупна сметка кога најмногу ми работи на греење, ми е 3800 денари.
Октомври, Февруари плаќам по 2500 максимум.

За ладење, вкупна сметка 1300-1600 денари.

Мое мислење е дека луѓето најмногу грешат кога ја работат климата на 18 степени за ладење, па исклучи за 5 минути, па оп ми е жешко... Ај пак уклучи... Ставаш 25 или 24 и тера цел ден на тивко!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2251 на: 18 Декември 2013, 15:59:13 pm »
Што значи 13ка? Колку киловати има потрошувачка?

Беково испаѓаат доста солидни за цената. Вака од муабет.
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_56_144&product_id=206004
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_56_144&product_id=206005

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2252 на: 18 Декември 2013, 16:09:07 pm »
Нели има 12ки, 18ки, 24ки... Оваа беше некоја 13ка, 4,2 или 4,5kw моќност а потрошувачка 1,1 или 1,2kw.

Не ме држете точно за збор со kw, немам документи пред мене...

Мојата многу ми служи, шура ми и другарче купија после мене некој нареден модел и не се задоволни... Јас пак би купил БЕКО или ЛГ кои како што кажуваат користат исти компресори од ЛГ...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2253 на: 18 Декември 2013, 16:09:54 pm »
Клима со DC инвертер вс клима со стандарден АЦ компресор (сликовито - очигледно):



BTW, јас мојата Беко клима неинвертерска ја пукав до пред десетина дена, сега преминав на панел(и). Климата ми е така поставена што не е ефикасна за загревање на долните воздушни слоеви од дневниот престој, инаку јакичка си е. си топли...:

Technical Features

    Cooling Capacity (Btu/h)24000
    Cooling Capacity (W)7100
    Heating Capacity (Btu/h)26610
    Heating Capacity (W)7800

Energy Efficiency Cooling (W/W)3.21
Energy Efficiency Heating (W/W)3.61
Energy Level - CoolingA
Energy Level - HeatingA
Cooling Power Unit (Single) (W)2200
Heating Power Unit (Single) (W)2050
Compressor Brand TOSHIBA

Грее до -6 степени по спецификација. Но сепак, панелите се поарни кога ми треба брзо загревање насабајле и кога ми треба потопол под (син ми најмногу време поминува седнат на под).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2254 на: 18 Декември 2013, 16:15:25 pm »
Нели има 12ки, 18ки, 24ки... Оваа беше некоја 13ка, 4,2 или 4,5kw моќност а потрошувачка 1,1 или 1,2kw.

Не ме држете точно за збор со kw, немам документи пред мене...

Мојата многу ми служи, шура ми и другарче купија после мене некој нареден модел и не се задоволни... Јас пак би купил БЕКО или ЛГ кои како што кажуваат користат исти компресори од ЛГ...
Аха, значи 3,5кw што ги викаат тие. Океј. Јас имам 2 самсунга кои не се баш за греење нешто сјајни од 3,5kw.

Следно сакам една поголемка здравје-боже во новиот стан. Оваа од 39.000денари стварно ветува. Инвертор ќе биде во секој случај.

@Simo викаш до сега на клими? Машала море. Како сметката за прошлиов месец?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2255 на: 18 Декември 2013, 17:33:38 pm »
Јас до сега имам искуство со неколку клима уреди...Најпозитивно сум имал и се уште имам со Филиа, обична 2,5KW. Лади прекрасно, грее без никаков проблем до температура од -3 до -5 максимум. Нормално за да биде ефикасно, но под -3 веќе се осеќа дека не е тоа што треба да биде. Инаку се работи за одприлике 25 квадрати, висина ан просториите од 2,5...Во станот имам две ЛГ, 3,5 kW и двете се користат само за ладење...Еднаш или два пати се вклучени во оној период измеѓу кога парното н до 2,6 метра е е пуштено, значи +10 температура, и немало проблем.

Во куќата на спрат имам две клими...Во дневна Тошиба Авант Инвертор. 3,5 kW на ладење и 4,2 kW  на греење. Така е декларирана. Со неа загревам без никаков проблем барем до сега простор од 33 квадрата со висина од 2,6 метра.
Во спалната од 16 квадрата имам Беко, обична 3,5kW и со отворена врата од спалната го греам горниот дел од ходникот, со квадратура од некој си 15-ина квадрати кои се со скали...Топлината не оди надоле, нормално, па затоа или ми фали една клима доле у претсобјето со која ке греам се останато.
Значи до сега со досегашниве температури не сум имал никаков проблем при греењето. Значи температурите не паднале многу многу под нула...
Бекото по каталог е дефиниран за температури до -7, додека Тошибата е декларирана дека треба да грее без никаков проблем и до -15. Од дечките што ми ја монтираа Тошибата добив информација дека двајца од нив греат станови со по три клими тошиби за некој си 100-тина квадрати без никаков проблем.

Тошибата ја одбрав читајќи еден куп статистики, форуми, коментари и пррепораки. Мислам дека во моментот кај нас нема подобар избор за парите...
Од сигурни извори дознавам дека и Панасоникот кој се продава кај нас како инвертор не е инвертор во права смисла на зборот...За да бидете сигурно во тоа, треба добро да ги проучите ознаките на единиците и бројките според кои може да се одреди дали климата има или нема инверторски систем во неа. :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2256 на: 18 Декември 2013, 17:46:16 pm »
Koj nudi tosiba kaj nas?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2257 на: 18 Декември 2013, 17:49:08 pm »
Од сигурни извори дознавам дека и Панасоникот кој се продава кај нас како инвертор не е инвертор во права смисла на зборот...За да бидете сигурно во тоа, треба добро да ги проучите ознаките на единиците и бројките според кои може да се одреди дали климата има или нема инверторски систем во неа. :)

Ако самата роботски се регулира, менува притисок, испушта роботски звуци, сама се одмрзнува, т.е. ако се прави автоматски - инвертер е.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2258 на: 18 Декември 2013, 17:55:42 pm »
Да, но тоа ќе го знаеш од кога ќе ја купиш.

Поентата е да знаеш пред да ја купиш.
Дајте повеќе инфо кој знае?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2259 на: 18 Декември 2013, 18:28:53 pm »
Нели има 12ки, 18ки, 24ки... Оваа беше некоја 13ка, 4,2 или 4,5kw моќност а потрошувачка 1,1 или 1,2kw.

Не ме држете точно за збор со kw, немам документи пред мене...

Мојата многу ми служи, шура ми и другарче купија после мене некој нареден модел и не се задоволни... Јас пак би купил БЕКО или ЛГ кои како што кажуваат користат исти компресори од ЛГ...
Аха, значи 3,5кw што ги викаат тие. Океј. Јас имам 2 самсунга кои не се баш за греење нешто сјајни од 3,5kw.

Следно сакам една поголемка здравје-боже во новиот стан. Оваа од 39.000денари стварно ветува. Инвертор ќе биде во секој случај.

@Simo викаш до сега на клими? Машала море. Како сметката за прошлиов месец?

4750 е последната. Дома држам на 22 степени мерено на висина од околу 1,5м. Жена ми е на боледување па цел месец речиси целодневно греење се тера. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2260 на: 18 Декември 2013, 20:32:57 pm »
Што ќе каже 8ца:

Правам внатрешна изолација во една соба, 5-8 см камена волна, профили и затворена со гипсени табли.
Знам дека има можност од појава на мувла, совет?

Треба да поставиш најлон (по можност кнауф што го продава) за да направиш парна брана.
Тој се поставува пред да ги монтираш плочите од гипс картон.
Имаш детали во ПП.



Не пишува таму за најлонот.

Каде не пишува за најлонот?

Jas искрено најлон ни на душман не би му посакал да стави...Нормално дека не пишува...Ако ставиш најлон правиш парна брана, нема комуникација внатре надвор на пареата. Тогаш ти се јавува кондензација и си заврсил работа за жал :)

Ако има комуникација помеѓу надвор и внатре во ѕидот за џабе си ставал фасада.
Ако имаш ти влага дома, решението ти е да таа си бега преку ѕидот?
Браво.
Среќа што се уште во македонија се користи систем од пред 500години (тула и малтер) па така си „бега“ влагата од дома.
;D ;D

Се знае влагата од дома како треба да се отстрани. А тоа не е преку ѕидот.

btw Како е сега на ладново куќата?

Само ќе кажам дека со една мочана панелка у приземјето - и тоа приклучена на слаба струја (напонот ретко иде над 150 волти!) - и една клима на спратот, доле е 21-22 степени, а горе 25+. За постигнување на таа температура се потребни околу 10 саати од влегувањето во ладна куќа.

После една недела оставена куќата со све исклучено, температурата унутра останува некој 8-9-10 степени. Не ми се веруваше и купив нови термометри - мислев овие стариве нешто се дефектни :-)

Задоволен!

Само да ја среди струјата евн во селово (има најави) мислам дека комплетно ќе го напуштам планот за греење на дрва. Ќе си земам уште 2 панелки и 1 клима за доле и фала многу пријатно.

Одлично!
Баш ми е мило што си задоволен.
А замисли да ставеше 15см.
;D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2261 на: 18 Декември 2013, 20:49:31 pm »
Што ќе каже 8ца:

Правам внатрешна изолација во една соба, 5-8 см камена волна, профили и затворена со гипсени табли.
Знам дека има можност од појава на мувла, совет?

Треба да поставиш најлон (по можност кнауф што го продава) за да направиш парна брана.
Тој се поставува пред да ги монтираш плочите од гипс картон.
Имаш детали во ПП.



Не пишува таму за најлонот.

Каде не пишува за најлонот?



Во упатството што ми го прати во пп.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2262 на: 18 Декември 2013, 20:58:17 pm »
Еве едно четиво од многуте на интернет за поставување на парна брана во ѕидот.

http://homeguides.sfgate.com/use-plastic-vapor-barrier-walls-27385.html

ЕДИТ: Драјвер имаш пп пак.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2263 на: 18 Декември 2013, 21:20:20 pm »
Koj nudi tosiba kaj nas?

Energija нудат Carrier и Тошиба.

http://energija.com.mk/index_eng.php

Од сигурни извори дознавам дека и Панасоникот кој се продава кај нас како инвертор не е инвертор во права смисла на зборот...За да бидете сигурно во тоа, треба добро да ги проучите ознаките на единиците и бројките според кои може да се одреди дали климата има или нема инверторски систем во неа. :)

Ако самата роботски се регулира, менува притисок, испушта роботски звуци, сама се одмрзнува, т.е. ако се прави автоматски - инвертер е.

Роботски? Те молам објасни ми ја роботиката на инверторот и роботиката на обичниот сплит систем...
Пошто мене роботски и обичните клими ми се одмрзнуваат и замрзнуваат...
Мислам дека Дени у две реченици го објасни она за кое твојот пост зафати пола меморија од форумов и пак е нејасно...

Сите клима уреди се инвертори и сплит системи.
Разликата на овие што сите ги викаат инвертори е во тоа што имаат променлива брзина на работа на клипот на компресорот, а обичните имаат фиксна брзина.
При пониски температури фреонот се згуснува, и со самото тоа е потребна регулација на брзината на работа на самиот компресор со цел да може да се добие посакуваната температура...
Роботика и роботска контрола на дискавери...

Што ќе каже 8ца:

Правам внатрешна изолација во една соба, 5-8 см камена волна, профили и затворена со гипсени табли.
Знам дека има можност од појава на мувла, совет?

Треба да поставиш најлон (по можност кнауф што го продава) за да направиш парна брана.
Тој се поставува пред да ги монтираш плочите од гипс картон.
Имаш детали во ПП.



Не пишува таму за најлонот.

Каде не пишува за најлонот?

Jas искрено најлон ни на душман не би му посакал да стави...Нормално дека не пишува...Ако ставиш најлон правиш парна брана, нема комуникација внатре надвор на пареата. Тогаш ти се јавува кондензација и си заврсил работа за жал :)

Ако има комуникација помеѓу надвор и внатре во ѕидот за џабе си ставал фасада.
Ако имаш ти влага дома, решението ти е да таа си бега преку ѕидот?
Браво.
Среќа што се уште во македонија се користи систем од пред 500години (тула и малтер) па така си „бега“ влагата од дома.
;D ;D

Се знае влагата од дома како треба да се отстрани. А тоа не е преку ѕидот.

btw Како е сега на ладново куќата?

Само ќе кажам дека со една мочана панелка у приземјето - и тоа приклучена на слаба струја (напонот ретко иде над 150 волти!) - и една клима на спратот, доле е 21-22 степени, а горе 25+. За постигнување на таа температура се потребни околу 10 саати од влегувањето во ладна куќа.

После една недела оставена куќата со све исклучено, температурата унутра останува некој 8-9-10 степени. Не ми се веруваше и купив нови термометри - мислев овие стариве нешто се дефектни :-)

Задоволен!

Само да ја среди струјата евн во селово (има најави) мислам дека комплетно ќе го напуштам планот за греење на дрва. Ќе си земам уште 2 панелки и 1 клима за доле и фала многу пријатно.

Одлично!
Баш ми е мило што си задоволен.
А замисли да ставеше 15см.
;D

Точно....Го почитувам твоето размислување но ни на крај паемт не ми е да се сложам со него...
А у право си тоа за пред 500 години...
Пред 500 години луѓето се дупеа и правеа деца...Сега се појавија софистицирани методи...Нема дупење, дркаш, собираш сперма и на женати инвитро и прават...
Чиста работа...
Ке се дупиш па недај боже и сида можеш да фатиш...

Чиста работа си е чиста...


Ти можеш да живееш у куртон, јас не сакам...
Куќа у најлон = дупење со куртон...

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2264 на: 18 Декември 2013, 21:34:17 pm »
@Sale................

Ок.

Терај мајка.