И јас си направив висачи за кујна за 1000ден.
Имаше табла иверка во станов, па ја скроив.
После си купив само шарки, лепак, штрафови и тоа е тоа.
А да............. не сакате да ја видите. По одвратно нешто НЕМА!
Мислам дека си има зошто си кошта кујната толку, колку што ви се понудите.
Од мајсторија до материјали.
Има да...
Тука си у право...Пошто си дал 1000 денари и си се цинцарел за пари, верувам дека тоа што си го направил не сакаш ни ти да го гледаш, а не па камоли некому да го покажеш. Како архитект да сум на твое место би се засрамил да го кажам ова. Прво од аспект на професионалност, а второ како мислиш некој да ти верува на работата кога и ти сам на себе си направил чиста импровизација.
Околу цените. Дали нешто вреди или не, прво треба да го видиш па да го коментираш истото.
Чисто колку за информација, еве јас како аматер...
Собрав понуди за местење на патос, бродски под. Понудите ми беа превисоки, нереални. Оние кои ги добив како нормални и како единствено и можно решение беа тотално неподржани и неосновани. Како од професионална гледна точка така и од гледиште за изведба на работата...Луѓето кои ми понудуваа, а и фирмите кои ми дадоа баснословни понуди за изведба и изработка, беа тотално неупатени и необразувани. Професионални фирми кои се бават со монтажа и изведба на подови од ваков тип...
Да, ке речам, во право си...Се си има своја цена...
Меѓутоа јас се решив целиот проект сам да го истерам...Како аматер...
Резултатот е видлив...За мене као аматер...Целиот проект ме чинеше упола поефтино од она што ми го понудија фирмите. Да не зборувам за квалитетот и начинот на изработка (јас како аматер)...
У право си...Се си има своја цена...Но не заборавај дека некаде далеку..Далеку од нашава татковина, мајка Македонија...
Тука е 95% фуш и преценување...
Ај што е преценување, него што е преценување на НЕЗНАЕЊЕТО и неинформираноста.
Фала многу пријатно...
р.ѕ.
Кога ке биде готова кујната, ке те викнам тебе како архитект да дадеш своја експертиза и мислење за начинот на изработка, цената на чинење, употребените материјали, ке сликаш и ке ги постираш тука ти сликите...
Јас како аматер за 1500 денари што сум ја изработил.

После ти ке дадеш и твој проекти, дизајнирани и изработени од твојот тим, чисто онака да споредиме, да видиме како изгледа проект кој е аматерски изработен во домашни услови (мојот) и проект дизајниран и изработен од архитект и професионалци (тим како твојот)...
Немој да мислиш дека сега нешто ова она...Знаеш и сам дека те почитувам и ценам и и верувам на твојата работа, но муабетот од погоре можеш да му го кажеш на некој пиљар, мене немој

И немој да ме рчкаш