Не ќе да е минимална,туку разликата меѓу куќа и стан е голема.Како од старт така и за одржување.
мече. те поштовам брат, ама појма немаш...
ако компарираш станче од 35 квадрати и куќа од 100 квадрати... да.. има огромна разлика... исто ке има огромна разлика и ако компарираш барака од 45 квадрати и стан од 150 квадрати... станот ке биде 5 пати поскап за одржување...
ај да удриме рачун... да речеме дека имаш стан од 100 квадрати кој заради ете почиста математика во зградата е нај горе...
значи:
-и таму имаш кров за средување
-телевизиски и режиски трошоци-ујп
-и да си исклучен од топлификација ке си плаќаш околу 1600 денари секој месец, цела година
-а ако не си исклучен ке имаш околу 4500-5000 секој месец ЦЕЛА ГОДИНА за плаќање...
-кречење не ти гине како и во куќата
-зависен си од заедничките трошоци во зградата како и одржувањето на лифтот. во просек на секои 24 месеци има некој по сериозен дефект на лифтот кој кошта помеѓу 50 и 100 евра од стан.
-заедничките трошоци за чистачка и струја се движат околу 5 евра месечно
-поплава во подрум од прсната цевка (регуар и рандом кај сите згради се дешава на секои 12-15-20 месеци) кошта околу 20 евра по стан, плус упропастени ствари лични во твојот личен подрум.
-чисење кондоми, трошки, корки од лубеница, пикавци, пепел, прашина од тераси и прозори.
-проблем со паркирање на едно возило, а ако сте двајца или повеке шофери сте го нае*але до даска...
-а греење? само на струја.. дрва, нафта, јаглен, можеш да заборавиш...
куќа од 100 квадрати...
ништо од ова погоре не се поклапа освен:
-кречење од внтре и
-кров средување
-ујпа за телевизија
но понатака имаш:
-фасада да корегираш на секои 15-20 години
-ако ти е со добра изолација подеднакво исто ке трошиш за греење и во двете опции
-имаш двор за средување. зависно колкав тие, разликата ке биде дали ке потрошиш 0,5 или 1,5 литар бензин (нафта) за косење. плус тоа е кеиф терање многу често (ама брзо проаѓа)
и за крај.
како може куќата да биде ВО СТАРТ ПОСКАПА од станот? колку кошта да се дигне 100 квадрати куќа со сите нишани од аспект на изолација и дограма? за намештај не збориме, тоа е индивидуално... еве друже вака... 100 квадрати стан во скопје коштаат околу 95.000 евра... со 95.000 евра се крева куќа од 200 квадрати и се купува плац од 400 квадрати на поубави места (не во центарот нормално тие се огин скапи)... плац од 300 квадрати во пинтија е околу 15.000 евра, 100 квадрати куќа (повторувам со сите нај добри изолации) е околу 50.000 евра... се на се 65.000 евра... ти остануваат уште 30.000 разлика за 2 ганц нови возила за во семејството или една бесна за тебе... или ако милуваш ете ти пари за уште еден камион влекач (даф од поново годиште)

некој што има и куќа и стан може да компарира... ајде уте да компарираме, ама да не забегуваме со некои не логични компарации... немој да споредуваме куќа без изолација со стан кој е во сендвич од другите страни...
како што реков, да, куќа има малку повеке работа, ама далеку од тоа дека е толкава разликата и во работата и во трошоците. некои работи во куќа што можеш да ги направиш, во стан можеш да ги сонуваш... на прво место е КОМОДИТЕТОТ. во стан немаш ни К од комодитет во прашање на комшиите... тој над тебе и тој под тебе (нај често и некој до тебе) знаат кога се клецаш со жена ти... или ке мора да бидете тивки... гласна музика после 22ч пуштање, само со претходна најава во полиција и тоа до 23:30, ништо повеке... ако почесто го правиш тоа ке почне да стигаат пријави и покани за на суд. комодитетот е непроценива ставка, која не се купува со пари...