Што пари ти е сметката Зоки и која квадратура?
Со паѓање на температурата ефикасноста на климата се намалува. Во секој случај е подобра од грејно тело, ама не 3-4 пати туку 2 пати. Под 10 степени нема веќе логика да се користи климата, зошто повеќе време ќе поминува во одмрзнување. Еве ти велиш дека е во ред. Јас имам Самсунг клими, ама под 0 греат за греење, ама малку е. Мора да се вклучи и друго тело. До душе ретко кога кај нас е под 0...
Двособен стан околу 60 м2 на 4 кат, ѕидови од полна цигла без надворешна изолација, Саламандер дограма.
Хитачи 4.2 KW грее дневна, трпезарија, кујна - работи цела грејна сезона, одржувана температура 23-24 Ц.
Фујитсу 3,5 KW грее детска соба по потреба.
И двете се Маде ин Јапан.
Во спална имам маслен радијатор на струја, ама ептен ретко има потреба да се вклучи.
Купатило и ходник директно негреени, температурата се движи околу 20 Ц.
Ланската највисока сметка не премина 5000 ден, а во неа се влучени машина за перење и сушење алишта, машина за садови, проточен бојлер 24 KW. Целокупното осветление на штедливи сијалици. За илустрација, летните сметки се околу 1500 ден.
Големата Хитачи клима е врзана на мерач за потрошувачка од Конрад. Во најладните периоди номиналната снага која ја влечи е околу 1400 W кога ќе ја вклучам, 500-900 W кога е постигната зададената темп (23-24Ц), а дневната потрошувачка макс. 14 KW, номинално од 7-10 KW според мерењата.
На работа имам една Хитачи (сличен модел на домашната само Маде ин ПРЦ) и Самсунг корејска со иста декларирана моќност и карактеристики плус некои џиџи-миџи на страна на Самсунгот - јонизатор, полифонски звуци...
И двете се со инвертер.
Додека Хитачо-то „не знае за зима“, Самсунгот е разочарување. На првата појава на магла и темп. околу -5 Ц цела е замрзната и исклучува потполно, пола зима не работи !!! Хитачи-то работи без престан.