Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1593141 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1950 на: 23 Октомври 2013, 23:31:19 pm »
Јас мислам дека ќе се згреат сигурно. Јачината на грејното тело не е лимитирачкиот фактор, печката од 5KW не работи постојано туку повремено се полни. Конвекторот од 2.5KW ќе работи повеќе, и ќе постигне. Освен ако е тоооолку голем просторот па да неможе да постигне, што ретко е случај.

Ефикасноста на печката лежи во друга работа, таа е грејно тело кое зрачи топлина и згора на тоа може да го струи воздухот за да одржи повисока температура. Друга работа е што се полни во текот на ноќта. Трета работа е што може да се седи/лежи врз неа. За мене ова е можеби најважната работа зошто поубаво чувство од топлина во коски од термо печка нема. Тоа е и психолошки ефект, кој фигурира како заштедна мерка - кога ти е ладно си седнуваш на печката наместо да ја појачаш.

Сепак за најлошо грејно тело си останува калориферот и кварцната печка далеку на врвот. И по незагреаност, и по екстремни струјни трошкови.

ептен е лимитирачки фактор јачината на грејното тело.. АМА ЕПТЕН е битно, пресуден фактор и за потрошња и за загреаност на простоирјата... секако битно е и тоа, кој човек што смета за загреано и топло.. имам клиенти на 21 се потат како у сауна да се, се греат со 19-20 а имам клинти (клиентки најчесто) што и 25 им е малку... држат парното на 28 бе...

термо печката и додека се полни и додека не дува она зрачи околу себе а со самото тоа ја грее просторијата. кога ке ја пуштиш на дување она во тој момент догрева... значи  и кога спиеш и кога не си дома, собата се држи на некоја температура, што аналогно на тоа со греалките не го правиш тоа... она ти е изгасена од самата помисла во глава дека сепак е голо маде за заштита и дека без присуство на човек не се остава тоа да работи, а не па на спиење... ке счуриш додека спиеш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1951 на: 24 Октомври 2013, 11:12:45 am »

Потврдувам и спремен сум во секое време да демонстрирам неколку предности  .... На секого му препорачувам.
Единствена маана е што мора да се обрати внимание на садовите за готвење, но и тоа не е многу страшно :)

А неможноста за печење на костени и суви пиперки  ;D

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1952 на: 24 Октомври 2013, 11:46:53 am »
Сепак за најлошо грејно тело си останува калориферот и кварцната печка далеку на врвот. И по незагреаност, и по екстремни струјни трошкови.

за се се слагам само за калолиферот не,бидејќи исто е како ефикасно како клима.го загрејува воздухот.
клима со потрошња од 1,3 кв(мислам на 3,5 клима) за греење ќе биде многу слично со потрошња со калолиферот.
предноста е на страна на климата со тоа што поголем волумен топол воздух ќе исфрла.

калолиферот(или тајфунот :) ) директно го загрева воздухот. за разлика од климата,компресорот врти,па фреонот да го загрее па вентилаторот да издува топол воздух.
форд фиеста 1,4 тдци

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1953 на: 24 Октомври 2013, 11:55:13 am »
Сепак за најлошо грејно тело си останува калориферот и кварцната печка далеку на врвот. И по незагреаност, и по екстремни струјни трошкови.

за се се слагам само за калолиферот не,бидејќи исто е како ефикасно како клима.го загрејува воздухот.
клима со потрошња од 1,3 кв(мислам на 3,5 клима) за греење ќе биде многу слично со потрошња со калолиферот.
предноста е на страна на климата со тоа што поголем волумен топол воздух ќе исфрла.

калолиферот(или тајфунот :) ) директно го загрева воздухот. за разлика од климата,компресорот врти,па фреонот да го загрее па вентилаторот да издува топол воздух.
Немојте вака... Некој ќе прочита ќе си помисли точно е.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1954 на: 24 Октомври 2013, 12:01:27 pm »
Ова е наше производство:



Може да се набави во Раде Кончар...


Каква клима какви панелки какве си пичке мајчине..

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1955 на: 24 Октомври 2013, 12:09:15 pm »
Сепак за најлошо грејно тело си останува калориферот и кварцната печка далеку на врвот. И по незагреаност, и по екстремни струјни трошкови.

за се се слагам само за калолиферот не,бидејќи исто е како ефикасно како клима.го загрејува воздухот.
клима со потрошња од 1,3 кв(мислам на 3,5 клима) за греење ќе биде многу слично со потрошња со калолиферот.
предноста е на страна на климата со тоа што поголем волумен топол воздух ќе исфрла.

калолиферот(или тајфунот :) ) директно го загрева воздухот. за разлика од климата,компресорот врти,па фреонот да го загрее па вентилаторот да издува топол воздух.

Маци, фундаментално погрешно !!!

Компресорот не врти за да го загрее фреонот, врти за да го втечни, затоа и се вика компресор. Втечнет испарува на надворешната страна (при греење) и при тоа го лади испарувачот надвор, а со тоа ја зголемува потенцијалната разлика помегу него и надворешниот воздух. Во тој момент настанува процесот на премин (пумпање) на топлина од надворешниот воздух кон фреонот. Клучниот момент е дека за една течност да испари потребна и е топлина, која во случајов се зема од надворешниот воздух при греење (од внатрешниот при ладење) и со тоа се зголемува енталпијата на флуидот.

Клима со потрошувачка од 1.3 KW троши макс. 1.3 кв, но пумпа 3 - 4 пати повеќе топлина.

Калориферот, колку струја во KW колку троши, толку топлина произведува.

Единствено заедничко им е што и двете ја предаваат топлината преку чиста конвекција, т.е. преку загревање на воздухот.
« Последно менување: 24 Октомври 2013, 12:38:07 pm ZokiPet »

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1956 на: 24 Октомври 2013, 12:46:37 pm »
Сепак за најлошо грејно тело си останува калориферот и кварцната печка далеку на врвот. И по незагреаност, и по екстремни струјни трошкови.

за се се слагам само за калолиферот не,бидејќи исто е како ефикасно како клима.го загрејува воздухот.
клима со потрошња од 1,3 кв(мислам на 3,5 клима) за греење ќе биде многу слично со потрошња со калолиферот.
предноста е на страна на климата со тоа што поголем волумен топол воздух ќе исфрла.

калолиферот(или тајфунот :) ) директно го загрева воздухот. за разлика од климата,компресорот врти,па фреонот да го загрее па вентилаторот да издува топол воздух.

Маци, фундаментално погрешно !!!

Компресорот не врти за да го загрее фреонот, врти за да го втечни, затоа и се вика компресор. Втечнет испарува на надворешната страна (при греење) и при тоа го лади испарувачот надвор, а со тоа ја зголемува потенцијалната разлика помегу него и надворешниот воздух. Во тој момент настанува процесот на премин (пумпање) на топлина од надворешниот воздух кон фреонот. Клучниот момент е дека за една течност да испари потребна и е топлина, која во случајов се зема од надворешниот воздух при греење (од внатрешниот при ладење) и со тоа се зголемува енталпијата на флуидот.

Клима со потрошувачка од 1.3 KW троши макс. 1.3 кв, но пумпа 3 - 4 пати повеќе топлина.

Калориферот, колку струја во KW колку троши, толку топлина произведува.

Единствено заедничко им е што и двете ја предаваат топлината преку чиста конвекција, т.е. преку загревање на воздухот.
"РИСТЕК" за напишаното

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1957 на: 24 Октомври 2013, 12:53:36 pm »
Само што кога ќе паднат температурите длабоко под нула климата  неможеш да ја употребуваш. За тајфунот нема пречки, го палиш, вариш кафе, за 5 минути бања.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1958 на: 24 Октомври 2013, 13:02:44 pm »
Ова е наше производство:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Може да се набави во Раде Кончар...


Каква клима какви панелки какве си пичке мајчине..
Имам вакво. Добра изработка има. Меѓу најдобрите калорифери во продажба. Ако ти треба калорифер.

Само што кога ќе паднат температурите длабоко под нула климата  неможеш да ја употребуваш. За тајфунот нема пречки, го палиш, вариш кафе, за 5 минути бања.
Точно, ама додека можеш да тераш со клима - треба да тераш. Кога ќе залади, тоа е се префрлаш на понеефикасно греење и си тргаш пари на страна за масивната сметка.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1959 на: 24 Октомври 2013, 13:08:04 pm »

Потврдувам и спремен сум во секое време да демонстрирам неколку предности  .... На секого му препорачувам.
Единствена маана е што мора да се обрати внимание на садовите за готвење, но и тоа не е многу страшно :)

А неможноста за печење на костени и суви пиперки  ;D

Костени во рерна, пиперки во старо тавче, печено лепче во тостер за печени лепчиња... да, реално не е толку универзална како старите рингли и шпорети, ама јас сепак би индукциска! :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1960 на: 24 Октомври 2013, 13:12:18 pm »
Само што кога ќе паднат температурите длабоко под нула климата  неможеш да ја употребуваш. За тајфунот нема пречки, го палиш, вариш кафе, за 5 минути бања.

Можеш, ако е Фујитсу, Хитачи, Тошиба, Митсубиши ... (редоследот е ирелевантен, изоставените нека не замеруваат)
Важно е по татко и мајка да се од Јапонија.

Длабоко под нулата потешко ќе загрева, ама на тие температури потешко е загревањето и со сите останати методи.
Важно е да има паметна електроника и сензори за „дефрост“ процесот секогаш да го топи мразот од испарувачот..

За под -20 Ц сите имаме по некој радијатор на струја, панел или калорифер ама последниве години немало потреба.

Јас веќе години сум само на клими. Имав термо како бекап и стоеше последниве 5-6 години невклучена. Пролетва ја демонтирав зашто освен како сталажа за цвеќе, друга улога немаше, освен што ме потсетување на старите добри времиња кога си лежев врз неа и низ прозор гледав во снегот што паѓа.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1961 на: 24 Октомври 2013, 13:15:11 pm »
Што пари ти е сметката Зоки и која квадратура?

Со паѓање на температурата ефикасноста на климата се намалува. Во секој случај е подобра од грејно тело, ама не 3-4 пати туку 2 пати. Под 10 степени нема веќе логика да се користи климата, зошто повеќе време ќе поминува во одмрзнување. Еве ти велиш дека е во ред. Јас имам Самсунг клими, ама под 0 греат за греење, ама малку е. Мора да се вклучи и друго тело. До душе ретко кога кај нас е под 0...

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1962 на: 24 Октомври 2013, 13:17:55 pm »

Потврдувам и спремен сум во секое време да демонстрирам неколку предности  .... На секого му препорачувам.
Единствена маана е што мора да се обрати внимание на садовите за готвење, но и тоа не е многу страшно :)

А неможноста за печење на костени и суви пиперки  ;D

Костени во рерна, пиперки во старо тавче, печено лепче во тостер за печени лепчиња... да, реално не е толку универзална како старите рингли и шпорети, ама јас сепак би индукциска! :)


Тоа со костените е само шега.

Во потполност се сложувам за се што кажа за индукциските плотни.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1963 на: 24 Октомври 2013, 13:54:18 pm »
Проблемот со греење исклучиво со клими е добро опишан на оваа слика:




Следниот пат кога ќе реновирам, обавезно идат термо елементи во под.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1964 на: 24 Октомври 2013, 14:00:20 pm »
Тоа говорам постојано другар Симо. Не само што е подобра распределбата на топлина (кај мене во дневна е 4 метри висината, замисли колку ќе се губи) туку и подното е нискотемпературно греење - што значи многу  помали загуби при конверзија и транспорт на топлината.