Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1737988 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1920 на: 19 Октомври 2013, 21:37:05 pm »
Немам надворешна изолација, циглата кога е sидано не е легната туку е исправена, имам пвц 7 коморен на три места со гума за поголема ефикасност али не се како што треба!

Планирам наскоро во дневната на сите внатрешни sидови да ставам камена волна 5см и да се затворат со гипс.

Претходно дадов еден куп пари за глетување, рамнење, мрежа ставање, убаво изгледа али треба да се преправа..
Сиромавиот дупло некогаш и повеќе пати плаќа повеќе!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1921 на: 19 Октомври 2013, 22:47:23 pm »
Ке направиш грешка со тоа што ке ставиш изолација на внатрешните ѕидови...
Дени даде прекрасен опис и прекрасни линкови за топлотните пумпи...
Прескапа инвестиција, но се повеќе ме тера да размислувам во таа насока и оваа година да поминам само со клими и старата термо печка...
За догодина и ако треба да подигнам кредит и да заглавам со некоја Тошиба или Кериер...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1922 на: 19 Октомври 2013, 22:47:24 pm »
Би му се обратил на СалеСк,пошто гледам он си правел математики.ме интересира следново,дали нова куќа од 100-120м2 вкупно,со еден спрат,со изолација по сите прописи,како што треба да биде,пак би имал сметка од 15000 за греење на било кој енергенс?прашувам,зашто можеби во иднина би правел куќа па да си знам.(знам дека и други фактори може да влијаат на трошокот за греење,ама еве да направиме некоја генерализација)
Може и помала да биде.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1923 на: 20 Октомври 2013, 00:28:35 am »
Ке направиш грешка со тоа што ке ставиш изолација на внатрешните ѕидови...
Дени даде прекрасен опис и прекрасни линкови за топлотните пумпи...
Прескапа инвестиција, но се повеќе ме тера да размислувам во таа насока и оваа година да поминам само со клими и старата термо печка...
За догодина и ако треба да подигнам кредит и да заглавам со некоја Тошиба или Кериер...


.... која што ке треба да ја купиш пак, веднаш штом го исплатиш кредитот... топлинските пумпи (фреонски систем) имаат употребен период од 5 до 7 години. после тоа секој ден работење ти е гратис...


и да не го квотирам постот твој од пред некоја страна... електричниот котел НЕМА искористување од 100% на електричната енергија.. уствари он има 100% потрошња и конверзија на енергија од електрична енергија во топлинска, но во водата до радијаторите стига ЕДВАЈ 50% топлинска енергија. останатите 50% а во некои случаеви и повеќе се страшни губитоци кои се појавуваат во принцип после првата година.

инаку, можда поубаво е да те однеам кај некој на кого веке сум му симнал електричен котел а сум наместил кано систем, да ти ја каже и покаже разликата... има бајаги такви луѓе...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1924 на: 20 Октомври 2013, 13:49:31 pm »
Термопечка е најефикасно греење на електрична енергија, после топлински пумпи. Пред се заради искористување на ефтина и скапа струја.

Ако ја замените термопечката со панели немој да ја продадете термо печката. Зошто ќе ви треба следната година кога ќе ги вадите панелите.

Јас ја направив оваа грешка. Се „ослободив“ од термо печка. Сега се размислувам да ја вратам во игра.

Инаку се греам со термо-панели (дел се АЕГ, дел се Теси (бугарски) ако е битен типот) Вкупно дома имам инсталирано:
8KW во дневна соба: 2 панели од 3KW и еден од 2KW, најчесто користам 5KW, речиси никогаш 8.
2,4KW во спална соба
2,4KW во помалата детска
3KW во поголемата детска
1KW во купатило
-----
Вкупно: 17KW во панелни елементи.
Загревањето дома е екстра брзо и екстра ефикасно. Се работи за околу 120-тина квадрати простор за живеење, во кои минатата сезона греевме околу 80-тина квадрати и немав повисока сметка за струја од 11.000  (минатата зима беше нетипично блага зима), со тоа што типична потрошувачка на енергија кога не користам греење и ладење е околу 2.500-3000 денари.

Да напоменам дека претходно имавме ламја од 24kw котел со ситстем на вода и радиатори кој го исфрливме. Причина за исфрлањето на тој систем е што индиректното загревање преку вода, па радијатори, па дури тогаш воздух во просторијата (по пат на конвекција).

Конветкторите го избегнуваат моментот на вода и загревање на радијаторите, туку грејачите директно го загреваат воздухот во просторијата. Од тука и брзината на загревањето.

Контролата на конветкорите ми е претежно централизирано, но со можност за индивидуално подесување преку термостатите на конветорите. Секако, секој конвектор може да се исклучи во било кое време во просториите каде што не е потребно да има греење.

Сега за сега, сум задоволен од овој систем, но би го искомбиринал со термо-печка заради искористување на „евтина тарифа“ моментот.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1925 на: 22 Октомври 2013, 08:55:39 am »
и да не го квотирам постот твој од пред некоја страна... електричниот котел НЕМА искористување од 100% на електричната енергија.. уствари он има 100% потрошња и конверзија на енергија од електрична енергија во топлинска, но во водата до радијаторите стига ЕДВАЈ 50% топлинска енергија. останатите 50% а во некои случаеви и повеќе се страшни губитоци кои се појавуваат во принцип после првата година.

инаку, можда поубаво е да те однеам кај некој на кого веке сум му симнал електричен котел а сум наместил кано систем, да ти ја каже и покаже разликата... има бајаги такви луѓе...

Тоа важи за сите начини на греење кога ја грееш водата...
Не е само за струја...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1926 на: 23 Октомври 2013, 01:38:43 am »
не баш. нејќам да бидам сватен како дека се рекламирам, ам кано системот има околу 99% искористеност на ел. енергија. загубите се сведени на минимум. одтука доаѓа ниската инсталирана моќност (електрична) во однос на другите котли. значи, можам на пример да загреам 200 квадрати објект со само 12 киловати елкетрична моќност...

ај да не тупам повеќе, објаснувано е ова веќе, а го има и на линковите во мојот потпис.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1927 на: 23 Октомври 2013, 10:00:52 am »
Не зборувам за тоа...
Зборувам за загубите кои ги спомна...
Котелот, каносистемот, котелот на плин, топлотната пумпа, котел на дрва, на пелети итн итн, како год да ги наречеш, јас ги нарекувам извор на топлина....

Зборуваме за загубите од таа точка кон останатите грејни тела...
Загубите ти се идентични...Исти. Од прва до последна.

Е сега разликата е во употребената моќност да се загрее до тој степен водата...
Електричната енергија било да е употребена за греење на воздух или вода кога станува збор за котел, искористливоста е најголема, односно се претвара во топлинска со најмали губитоци, додека пак кај котлите на плин и пелети, има поголеми загуби. Најголеми загуби има кај котлите со дрва каде што 40% од топлината е неискористена и оди во воздух.

Зборот во моментот беше за загубите во системот, односно се додека топлата вода дојде до грејното тело во случајов радијатор.
;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1928 на: 23 Октомври 2013, 10:07:49 am »
Да, но електричната енергија не е иста цена по КWh со дрвата/гасот. (Oсобено за готвење)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1929 на: 23 Октомври 2013, 12:47:51 pm »
Како мислиш не е иста...
Мислам во која насока го сметаш тоа?
Позитивна или негативна?

Моето размислување е дека во град нема услови за греење на дрва...Ајде да речеме куќа, пеки, но стан???
Готвиш на струја...А за да готвиш на дрва ти треба шпорет...Обично шпоретот на дрва го користиш во една соба, а таа и ке ја умирисаш, со храна, батак ке се направи...Незнам дали имаш можност да укључиш аспиратор над шпорет за дрва пошто од топлината тој ке ти се стопи...
Значи таков шпорет се знае каде има примена и во какви услови...
Не заборавај дека како што реков 40% од топлинската енергија одат у неповрат....
Дрвото е поефтино, но....
Се на кантар коа ке ставиш...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1930 на: 23 Октомври 2013, 13:27:51 pm »
Druze se gotvi na gas... Isklucivo.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1931 на: 23 Октомври 2013, 13:48:51 pm »
Дали и колку со новиве малопродажни цени на плинот е поефтино да се готви отколку на нова плотна А класа, на струја?

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1932 на: 23 Октомври 2013, 15:53:16 pm »
Ај пак да споменам индукциска плотна, плинот дома е тотално непотребен. Повеќе информации кај Симо ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1933 на: 23 Октомври 2013, 15:55:51 pm »
За некои е есенцијален во домот, до тој степен што не би купиле кујна без плински систем. Повеќе информации кај мене.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1934 на: 23 Октомври 2013, 16:47:56 pm »
Направив некои пресметки на брзина од податоци за калориска вредност на горива и приближни цени на горивата.
Целта е да имаме слика колкава е реалната цена во пари по киловат.
Ако увидите пропусти или грешки слободно корегирајте ме.

Според табелата во прилогот калориската вредност е:

Огревно дрво ( природно сушено ) : 1400-2000 kWh/m3
Ако ефективната предадената енергија  е 60%, тогаш 840-1200 kWh/m3 или средно 1020 kWh/m3
Ако 1м3 е 2400 ден, тогаш 2400/1020 = 2,35 ден/kWh

Плин : 12,9 kWh/kg (! овде нешто ми е сомнително, исправете ме ако имате поточни податоци)
Ефективноста не е земена во предвид, немам податок ама треба да е повисока отколку при греење со дрва.
Ако 1 кг е 48 ден, тогаш 48/12,9 = 3,72 ден/kWh

Елетрична енергија за домаќинства е ~ 3,2 / 6,4 ден./kWh (Н/В тарифа со преметан ДДВ и 33% за преземена моќност)

Дополнето: најоптимален начин за греење според мене
Топлинска пумпа (клима) - Современите уреди имаат СОР > 4, што значи дека со 1 kW струја „пумпаат“ и преку 4 kW топлина.
Тогаш 1 kW произведена топлина чини (за скапа тарифа) 6,4 ден / 4 = 1.6 ден / kW
Нема пепел, резервоари, плаќање на енергенс однапред во готово, комплексна инсталација, чистење саѓи, тешкотии во одржување на зададената температура особено во преоден период, загуби во трансформација на енергија и загуби „низ оџак“...

[датотека избришана од администраторот]
« Последно менување: 23 Октомври 2013, 17:20:11 pm ZokiPet »