Работите продолжуваат и покрај лошите временски услови. Дополнителниов рок не смее да се пробие, а квалитетот МОРА да се задржи како и до сега! Поставен е кабелот за струја и лентата за заземјување до излезот на плацот (и надвор од него), поставени се одводните канализациони цевки со ревизиите и приклучени во септичката јама, направена е канализациона вентилација странично од задната страна на куќата на висина од 1.5 м, фасадата се влече ... Фасадерите ќе го монтираат и гипс картонот на таван, одлично работат, ме радува тоа!
Сума сумарум работите повторно се одвиваат под полна пареа, договорено е со изведувачот Тектум Инженеринг прво да се тампонира теренот со тројка гранулација од белиот камен на местото на стазите, па преку тампонот доаѓаат армираните бетонски стази, ама ќе мора да „зреат“ две недели и не смее да се поминува по нив ! Значи ќе мора да ги заштитам, за да некој неупатен не ги „реши“ истите

Незнам, сега за сега можам да кажам само БРАВО !!! Пропустот со пробивањето на рокот ќе го сметам само како недоразбирање и покрај писмениот Договор, важно ми е само да се доврши све до крај, квалитетно и на време (Декември) како што Тектум Инженеринг има капацитет да го оствари кога работи со целиот тим. Да им дадеме подршка