Малку се смири ситуацијата,па да продолжиме со муабетот
Еве најдов нешто околу комуналите
За деловни, јавни и производни објекти
Работни простории – 1.0
Магацини – 0.4
Гаражи – 0.1
За други објекти
Катна гаража – 0.2
Спортски покриени објекти – 0.5
Отворени пазаришта – 0.2
Надоместокот се плаќа врз основа на потпишан договор помеѓу општината
и барателот на одобрение за градење. Уплатата на надоместокот се врши
преку уплатници во пошта или во банка.
На пример: Доколку градите семејна куќа во зона со единечна цена по
метар квадратен од 3000 денари, и куќата има 120м
2
станбена површина, 30м
2
балкони, 60м
2
простор во поткровје, гаража од 20м
2
и визба од 40м
2
, тогаш
комуналиите ќе се пресметаат на следниот начин:
С танбена површина
3000 (единечна цена) * 120 (квадратура) * 1.0 (коефициент) = 360.000 ден.
Балкони 3000 * 30 * 0.2 = 18.000 ден.
Поткровје 3000 * 60 * 0.1 = 18.000 ден.
Гаража 3000 * 20 * 0.1 = 6.000 ден.
Визба 3000 * 40 * 0.3 = 36.000 ден.
Вкупната сума на комуналиите се добива со собирање на претходните
суми (360.000+18.000+18.000+6.000+36.000) и во случајот таа изнесува
438.000 денари.