Ако лимарите имаат малце подобра машинерија ова не е проблем. На девојка ми татки и изработуваат лимени кровови и олуци па баш го прашував за ова зошто над гаражите подигнавме 1м(44м2) ѕид кој сакаме да го покриеме со лим и да биде за седенки и сл. Имаат една машина која се става на местото каде што треба да има штрафови односно што се спојуаат плочите и го превиткува лимот 2 пати, односно го превиткува така што нема шанси некгоаш да влезе вода таму па колку и да врнело. Малце штуро објаснив но преку тастарува незнам како, сум ја гледал во живо како работи. Машината е со мали димензии и се управува далечински, односно контролна табла која е поврзан со неа со кабел.
Точно...Ова е најдобрата варијанта за местење лим, и после тоа нема шанси да тече лимот. Тоа е тоа...
Него проблемот е кај нас сите што местат лим, а не знаат како се мести...
+ Симо фино си објасни дека штрафовите се штрафат на брег, а не во каналот...Тоа е исто така битна работа. Но најбитната од се е тоа што штрафовите кои ги ставаат не ги штрафат под прав агол и тука ја ебат работата. Значи за да лежи гумичката како треба подеднакво од сите страни потребно е штрафчето да биде заштафено под агол од 90 степени како симетрично и еднакво ке ја притисне гумичката. Доколку лежи гимицата нееднакво во тој случај се случува да влегува вода по година или две ради тоа што гумата гори и ги губи својствата.
Значи како позитивни својства на лимот е тоа дека никад нема да се поебе, значи немораш да го менуваш и е релативно лесен...
Негативност е другава работа, односно не е негативност туку несоодветна монтажа од страна на мајстори кој не го монтираат онака како што кажа Саше.
Панелите полнети со пур пена се добри, но имаат превисока цена...Од 18 евра па нагоре за квадрат и од 4 цм дебелина.
По мене негативната работа е тоа што лимот кондензира...Ова е уствари проблемот и многу луѓе мислат дека лимот им протекол...Протекување нема шанса, но кондензацијата е неизбежна...Од горе топол, доле ладен, брб се слива и капки вода колку сакаш...
Керамидата е ок само што има век на траење, многу е тешка и сака скапа дрвена или метална конструкција.
Шиндрата е најубава на лик од сите покривки...Со неа можеш да правиш чуда на кровот...Односно може да прави оној што знае како треба...Не секој може да биде мајстор за шиндра!!! За нејзино местење е потребен рамен кара таван, потребна е оригинална подлога, а не тер хартија, тука сите ги прават најголемите грешки при монтажа за да поминат поефтино, и нормално изработката од страна на мајсторот кој го има клучниот збор...Лепак и секако шајки...По оваква интервенција не гледам зошто некој би се жалел...Рокот на траење е околу 25 години, добро наместени кровови траат и повеќе. Кога ке дојде ред за менување, може врз постоечката да се нареди нова без никаков проблем, се разбира доколку била постоечката претходно добро наредена. Не тропа, не е канцерогена и не тежи колку керамидата.
Салонитките се одлични но не се повеќе актуелни, и не може да се прават изведби на интересни кровови. Односно актуелни се онаму каде што има прав кров и каде не се бара некој специјален дизајн изглед или слично...Значи чиста класика...
Старите кои беа изработувани од азбест наводно се канцерогени, но ете, јас живеев во куќа која беше прекриена со вакви салонитки, моите претходно, па фала богу пу пу скраја да е, али до сеа не сме имале никој од нас некој такви заболувања, не дај боже...
Новите салонитки не се изработуваат од азбест, така да не се канцерогени...Барем се уште не откриле до сега дека се
и не само тие него и другите...Исто како што рекоа за сипорексот дека е канцероген и незнам што уште не...