Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1476321 пати)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #150 на: 11 Март 2012, 22:57:13 pm »
Џиџи бирај.. :D











































Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #151 на: 11 Март 2012, 23:31:07 pm »
.
« Последно менување: 05 Мај 2012, 01:41:09 am zippo »

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #152 на: 12 Март 2012, 01:23:02 am »

Сале ако има големи прозори на југ, многу помалку ќе ти треба да го загрееш просторот од колку со мали прозори на север. ;)

А на +40 што ќе правиме со толку сонце и топлина?

Кој и како ќе ги чисти прозорите високи 3-4 метра? (има специјални прозори за оваа намена ама коштаат)

Дали е поедноставно за викендица да има рамен кров како твоиве или класика кров? Снегови, дождови....
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #153 на: 12 Март 2012, 08:42:24 am »
Точно така...Би се надоврзал на муабетот...
Прво. Колкава е температурата зимно време и колку сончеви денови има за да може собата да ти биде топла? Поготово во зимо, па и во есен на температура од 15 степени.?
Летно време, кажа Банза, просторот за сауна ке се користи или за одмор? Па треба да се лади нели?
Чистење...Одлично набројано во целата низа на недостатоци, кој по мене се јавуваат...Сигурно јас нема да се пентарам или пак женами да ја пентарам на 4 метра висина да чисти прозори...Ти треба служба за оваа работа, односно ти требаат минимум европски плати и на тебе и на женати за да си дозволиш оваков луксуз...Можеби ти можеш да си дозволиш, но јас како просечен граѓанин во оваа скапана држава не можам, а верувам дека и 90% од останатото население нема да може. Значи за само 10% население, што и не е 10% него е 3 % максимум, проекти од ваков карактер се пропала инвестиција...
Изведбата на кровот немаше да ја дискутирам, но Банза е повторно многу во право...Првично како инвестиција изградбата на ваков тип на кров е 10 пати поскапа него обичен и класичен кров...

Одиме даље со образложенијата:
8-ца, спомна дека изолација, односно стиропор не се мести на малтер? Извини, секоја чест на школото и дипломата со која треба да се здобиеш или си се здобил, ама ова кој ти го кажал слободно може неговата да ја скине - диплома или незнам што и да има, магистратура, докторат итн...
Ако сакаш ја како лаик да ти објаснам која е процедурата за монтажа на изолација на малтер, повели секој ден од 16 па надаље кај мене дома, ке ти објаснам, ке ти појаснам, ке ти покажам практично, а не онака како што ве учат на факс...верувам дека професор ти е некој млад партиски војник примен преку врски, и у животот нема видено ни стиропор, нити тервол, нити стаклена волна, нити камена волна, ниту па знае за топлински спроводливости на овие изолациони материјали, нити за топлински отпор, ниту за кај се користат и колку типови има итн, да не набројувам...дај боже пак ке речам да грешам...За повеќе ти реков слободно контактирај ме, пошто ме мрзи да пишувам овде сеа едно по едно...

Друго...Повторно ке ја спомнам физиката...Каде се наоѓа топлиот а каде ладниот воздух? Дали просторија со висина од 2,5 метри полесно ке ја загрееш или пак просторија со висина од 4 метри?
Вие вака од архитектонска гледна точка се тоа убаво го осмислувате, убаво изгледа, нема муабет...Но како што реков, ретко кој има можност да си дозволи оваков луксуз. Или пак ке си го дозволи, а потоа кука за тоа дека троши многу енергија за ладење односно грење...Јас на место за живеење не гледам како место во кое ке живеам раскошно и место во кое други ке ми ги бркаат работите, него место кое ке може да го одржувам. чистам, греам, ладам...

Одиме на тема греење...Според сите математички пресметки и статистики во нашава држава греењето на електрична енергија е се уште најефтино...Незнам кој колку имал можности и време да се занимава со ваква проблематика, сигурно не оној кој што немал проблем со тоа...Значи некој ке рече дрво, парно на дрво, ќумур итн...Да, но кое дрво, кој ќумур??? Дрво, но се знае какво дрво...не бука туку дрво кое  може да ослободи енергија доволна за да се постигне калоричната моќност на котелот...Ќумур од крека а не од Виница или незнам од кај кој што е повеќе земја него јаглен...Јаглен кој ја нема ни половично калоричната моќ која што треба да ја има...

Даље...Се спомнаа геотермални води...Инвестиција до небо...Гојдо е максимално во право...+ Дали сметате дека за 10 години оваа инвестиција ке ви се исплати, односно секој од системите по 10 години треба да се ремонтира...Пумпи, цевки, филтри итн да не набројувам...Одржувањето на ваква опрема е скапа, односно ремонтот може да чини колку пола од првичната инвестиција...И?
Дали сте се запрашале и за ова?
Соларните панели имаат рок на траење од 10 години...Ете, како најефтина инвестиција барем за топла вода за бањање....Повторно и тука ако се направи математиката, нема никаква придобивка...Напротив...

Други прашања?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #154 на: 12 Март 2012, 10:50:15 am »
Сале ти реков не се мешај многу во архитектура. Не ја владееш. :D :D

Сале и Банза...

Просторија со прозор од 3-4 метра во висина, нема да ја загрева просторијата како во сауна. Зошто?
Затоа што го спомнав поназад, со помош на добар дизајн. Сонвето во зима е ниско (ме мрзи да барам колкав агол зафаќа), додека во лето е високо и е 80 степени, под агол. Тоа значи дека сончевите зраци доаѓаат одозгора и ова се решава многу лесно.
Во прилог ставам слика од Охридска куќа, која има одлично решение за ова. Стреата на погорните катови, овозможува правење на сенка, која штити од прегревање на лето.



Рамен кров, не е ништо поскап од класичен кров. Можи и поевтин да е . Класичен кров има комплексна конструкција и најчесто завршниот дел е од осетлив материјал кој бара да биди заменет за 5-10 год. Додека со рамен кров, немаш такви проблеми.
Најчесто прашање е што со вода и снег, на рамен кров. Водата ќе си оди во сливник, а снегот на зима е добредојден како + слој за изолација.

Чистењето на прозори високи 3-4 метри, не мислам дека е некој поголем проблем. Затоа што прозори не се чистат толку често, а и веќе сите прозори кои ги имате по дома се 2.80 м. Така да уште 1м, за 2-3 пати во година не претставуваат проблем.


Сале....
Стиропор не се мести на малтер, не дека не можи, дека глупава е целата идеа. Јас знам да наместам на малтер не е тоа проблем, него која е поентата?
Малтерот е ужасен материјал, не сакам со очи да го видам. Тој се користи за фасада, затоа што е доста отпорен на темепратурни разлики. И сега ти на таа завршна обработка ставаш + изолација + повторно завршна обработка. И секако да не заборавиме дека малтерот е влажен материјал, кој не би сакал да го имам во сендвич ѕид.

Моите предавања на архитектонски факултет одамнаа завршија. Не мора да вреѓаш некој и нешто кога немаш основни познавања за нив. Тие мене што ми предавале и учеле се врвни архитекти и професори (барем кај нас). Напротив професорите не се млади кај нас, сите се повозрасни луѓе и не се со врски примени.

Исто така мене ме мрзи да пишувам многу надолжно за проектирање во архитектурата. Ова што го има кај нас што го гледате секој ден НЕ е добро проектирање.
Јас живеам во зграда која е изградена во 1960 (највероватно), зградата е пример како треба да се проектира. Да, има рамен кров и уште функционира. Без проблем.

За греење и ладење, ме мрзи да пишувам пак. Се си има решение, добро смислено...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #155 на: 12 Март 2012, 11:05:36 am »
Кога зборувате за греење, има начини за загревање и на многу високи простории со малку енергија. Несоодветно греење ќе ги качи сметките, а соодветно ќе ги смали.

За 4,5 метри тавани, треба нискотемпературно греење во подот, кое ќе зрачи локална топлина во долните 1-2 метри. Таму каде што всушност седат луѓето. Ако на висок таван се стават радијатори или печки, јасно е дека сите пари ќе одат во загревање на плафонот, а на луѓето ќе им биде ладно.

Се си има зошто си е.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #156 на: 12 Март 2012, 13:12:02 pm »
Подно греење со температура поголема од 20'C е тотално нездраво и предизвикува низа болести на крвните садови. Со 20'C подно греење неможеш да грееш просторија. Може само да го користиш како дополнително греење за пријатно чувство на нозете додека газиш бос, а главното греење да ти биде нешто друго.

Понатаму, висина од 4 метри е луксуз во секој можен поглед, а најмногу за греење. Во претходното мое живеалиште, висината на таванот е 3.6 метри. Ѕидовите се направени од полна (циганска) тула, со дебелина од 45cm, на таванот од горната страна има изолација најлон + 10cm(2x5cm) 30kg тврдо пресован стиропор + најлон, + каратаван со даски па врз нив керамиди. Станот е со површина од 55 квадратни метри, за загревање за парно плаќав од 5000 до 7500 денари во месеците(15 Октомври до 30 Март) кога се греевме + дополнително користев клими/греалици кои ми ја збогатуваа сметката за електрична енергија за дополнителни 1500-2000 денари. На електрична енергија со конвектори 11kW (2x3.5kW + 1x2.5kW + 1x1.5kW) плаќав од 6000 до 11000 денари во зависност од тоа колку е ладен месецот, од кои 2500 денари се редовна сметка за ел. енергија.
За контраст, во Карпош 4 во стан од 103 квадрати моите плаќаат 6000 денари (по ново, 5500 по старо) секој месец.
Практично јас плаќав 50000 денари годишно (пред последното поскапување) за 55 квадрати, а моите 66000(пред последното поскапување) за 103 квадрати или:

910 денари/квадрат за висина од 3.6 метри
640 денари/квадрат за висина од 2.75 метри

Сметам дека изолацијата и во двата случаи е горе-долу соодветна и нема битни разлики.


@osmica8
1) Ретко кој има висина од под до таван од 2.8 метри, класичните прозори се 1.4 метри високи.
2) Стиропорот е материјал кој не пропушта вода, така да неможе влагата да навлезе во малтерот. Понатаму, бетонот ја апсорбира и спроведува влагата, па од таму банални се дискусиите дека малтерот ќе ја држел влагата.
3) Рамен кров е решение за предели каде нема многу снег и температурите се релативно високи. Но Скопје не е таков случај. Рачунај дека зимно време ќе ти се замрзе сливникот и дека кога ќе наврне поприлично снег и истиот почне да се топи, ќе ти прелива вода по фасадата и секако по извесно време ќе пробие кај оние на поткровје. Ова практично се докажа скоро на сите добро-проектирани згради во Скопје во Карпош, Хром и незнам каде. Од тие прични сите (прошетај низ Карпош) дополнително имаат направено кров. И јас имав стан(оној кој го продавав во огласот даден на форумов) на поткровје во зграда проектирана од Карпош во СФРЈ во 70-ти, а изградена 1974. И кај нас протче и по фасада и во станот па си направивме кров. Секоја чест на зградата од 1960 каде живееш, ама тоа е единствениот таков случај во Скопје за кој сум чул да нема проблем со рамен кров.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #157 на: 12 Март 2012, 13:25:37 pm »
@Gojdo дали си осетил подно греење со излезна температура на водата од 29 степени? Искрено. Сосема возможно да се загрева простории само со подно греење... Ама МОРА да се осети, пред да може да се коментира. Остај ти оние подни што ги прават со 40 степени и температура од парно... Зборуваме за сериозен систем за парно греење, предвиден за подна изведба.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #158 на: 12 Март 2012, 13:31:10 pm »
Проблемот со модерниве градби е што не се прилагодуваат на поднебјето, односно условите каде треба да се гради. Не може иста куќа да имам јас во Скопје, некој во Калифорнија, некој во Астана и некој пеести на Хвар во Хрватска.

И јас сакам модерна хај тек куќа, ама откако разговарав со неколку паметни луѓе кои ми посочија неколку релани, практични пречки на пократок или подолг рок сфатив дека не е баш така едноставно. Односно се е изводливо, али кошта ако не е во соодветна средина поставено.

Ок е скандинавците што имаат цели зидови прозори и коцка куќи, кога максимална температура им е 18 степени. Нормално е што куќите на островите се многу често од камен и мораат прозорите да им се затвараат со кепенци (како и да се викаат на македонски), кога имаат бури бар 3-4 месеци во годината, а и рамни кровови ништо не им мењаат, снег и топење на снег им е непознаница :) Или зашто куќите во планински ски центри се со коси кровови до доле, а зашто не се такви во Лос Анџелес.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #159 на: 12 Март 2012, 14:01:32 pm »
Подно греење со температура поголема од 20'C е тотално нездраво и предизвикува низа болести на крвните садови. Со 20'C подно греење неможеш да грееш просторија. Може само да го користиш како дополнително греење за пријатно чувство на нозете додека газиш бос, а главното греење да ти биде нешто друго.

Понатаму, висина од 4 метри е луксуз во секој можен поглед, а најмногу за греење. Во претходното мое живеалиште, висината на таванот е 3.6 метри. Ѕидовите се направени од полна (циганска) тула, со дебелина од 45cm, на таванот од горната страна има изолација најлон + 10cm(2x5cm) 30kg тврдо пресован стиропор + најлон, + каратаван со даски па врз нив керамиди. Станот е со површина од 55 квадратни метри, за загревање за парно плаќав од 5000 до 7500 денари во месеците(15 Октомври до 30 Март) кога се греевме + дополнително користев клими/греалици кои ми ја збогатуваа сметката за електрична енергија за дополнителни 1500-2000 денари. На електрична енергија со конвектори 11kW (2x3.5kW + 1x2.5kW + 1x1.5kW) плаќав од 6000 до 11000 денари во зависност од тоа колку е ладен месецот, од кои 2500 денари се редовна сметка за ел. енергија.
За контраст, во Карпош 4 во стан од 103 квадрати моите плаќаат 6000 денари (по ново, 5500 по старо) секој месец.
Практично јас плаќав 50000 денари годишно (пред последното поскапување) за 55 квадрати, а моите 66000(пред последното поскапување) за 103 квадрати или:

910 денари/квадрат за висина од 3.6 метри
640 денари/квадрат за висина од 2.75 метри

Сметам дека изолацијата и во двата случаи е горе-долу соодветна и нема битни разлики.


@osmica8
1) Ретко кој има висина од под до таван од 2.8 метри, класичните прозори се 1.4 метри високи.
2) Стиропорот е материјал кој не пропушта вода, така да неможе влагата да навлезе во малтерот. Понатаму, бетонот ја апсорбира и спроведува влагата, па од таму банални се дискусиите дека малтерот ќе ја држел влагата.
3) Рамен кров е решение за предели каде нема многу снег и температурите се релативно високи. Но Скопје не е таков случај. Рачунај дека зимно време ќе ти се замрзе сливникот и дека кога ќе наврне поприлично снег и истиот почне да се топи, ќе ти прелива вода по фасадата и секако по извесно време ќе пробие кај оние на поткровје. Ова практично се докажа скоро на сите добро-проектирани згради во Скопје во Карпош, Хром и незнам каде. Од тие прични сите (прошетај низ Карпош) дополнително имаат направено кров. И јас имав стан(оној кој го продавав во огласот даден на форумов) на поткровје во зграда проектирана од Карпош во СФРЈ во 70-ти, а изградена 1974. И кај нас протче и по фасада и во станот па си направивме кров. Секоја чест на зградата од 1960 каде живееш, ама тоа е единствениот таков случај во Скопје за кој сум чул да нема проблем со рамен кров.

Нормална висина на спрат од под до плафон треба да е од 270-290см. Се под тоа е визба, се над тоа е како шо викаш луксуз.
Јас сакам да имам куќа/стан со плафон 3.6м.

Малтер на средина во ѕид сендвич, е тотално безмислен. Нема никакви својства, освен што го задебелува ѕидот за 3-5см. И за мене е тотално безмислено зошто тој се наоѓа таму.

Рамен кров е најдоброто нешто што е измислено во прошлиот век, од страна на архитектура.
Зошто водата да прелива по фасада? И од кога на фасадата му штети вода? Зарем кога врни дожд, таа е сува?
Точно е дека скоро сите згради во скопје имаат попуштен кров и дека сите имаат направено нов кров. Ама проблемот не е во рамниот кров, проблемот е во типот на градење и во луѓето.
Градбите се одамна и се градени со засатрена технологија и нормално уштедени материјали.
Луѓето се најголем проблем. Тие сакаат еднаш да се изгради и да трае за стално. Без никакви одржувања. Како можи нешто да трае 50 -60г, а при тоа е изложено на надворешни влијанија. Кај мене кровот има пропуштено, и фоно лепо е саниран од комшиите, ама не е направен нов кров. Саниран е постоечкиот и сега овај ќе трае уште 50 години. А верувај за санација на овај кров поевтино поминаа одколку да прават нов, кој носи други проблеми.
Ако викаш дека од раменк кров, течи вода, зошто тогаш луѓето градат базени? Зошто водата не им бега од базените? Зошто водата од бањата не оди кај комшиите?

Банза, јас не реков дека истата таа куќа од скандинавија да ја направиш тука, тоа е глупост. Реков тој тип, со мала преправка во дизајнот, многу подобро би функционирала кај нас од колку овие куќарињава шо ги имаме низ маалата.

Планинските куќи најчесто се со толку стрмен кров заради декорација. Нема потреба од толку стрмен да биди.
Не бидете толку против рамен кров, заради глупавите примери во Скопје и во Мк.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #160 на: 12 Март 2012, 14:05:29 pm »
Јас воопшто не сум против рамен кров, дури и ако некој ден правам куќа за живеење (не викендица) таа 90% ќе биде со рамен кров и во модерен стил ;) Само не мислам дека тоа е ефтино решение, особено ако сакаме да трае и функционира долго колку и класичните куќарки кај нас.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #161 на: 12 Март 2012, 14:11:04 pm »
Верувај дека е поевтино да се направи рамен кров, него класичен.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #162 на: 12 Март 2012, 14:31:53 pm »
Рамен кров имам јас на зградата над таван. 2-3 години имаше проблеми со протекување на вода. Но со добро планирање и добро сработена изолација еве веќе 20 години барут суво, без разлика дали имало мраз или вода.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #163 на: 12 Март 2012, 18:08:38 pm »
:)
8-ца...
Ај вака...Значи никој нормален нема прво да ја малтериса куќата, па потоа да става стиропор...Тоа може само сулуд човек да го прави...
Втора работа...Зошто некој би ставал изолација врз малтерисана куќа.? Прво, куќата е правена далечните 60-ти години кога како основно средство за фасада се користел малтер и ризла. Втоо, куќата си ја купил од човек кој претходно ја малтарел, и ја продал. Дали мислиш дека е многу паметно да ја срушиш, па направиш ѕидови од хартија, така наречен гипс куртон, па после да ставиш стиропор, или па да викнеш интелектуалци со торни да ти го бутнат малтерот па да ставиш изолација н аголи цигли, или пак наједноставно ке одиш и ке си купиш У врска, ке го премачкаш малтерот па потоа фино ке си залепиш изолација...Односно добиваш +....А не - како во твојот случај што го објаснуваш.
Следна работа е таа што не омаловажувам никого, него гледајќи и дискутирајќи со професори од еден куп приватни или па државни факултети, тазе запослени, добивам често нагон на гадење и повраќање , прво од начинот на нивните манири, потоа од начинот на кој НЕ знаат да дискутираат и делуваат како енциклопедија за НЕПИСМЕНОСТ и необразуваност... Искрено тоа се повеќе тешко ми паѓа и искрено почнав да размислувам да заминам у три лепе ПМ, од државава и никад више да не се сетам на неа...
Него да се навратиме на дискусијата.
За да еден рамен кров биде како прво добро изолиран, водонепропусен и издржлив, повторно ке морам да ја споменам математиката и физиката...Да почнам малку со силите...верувам дека тебе ти се добро познати, но еве останатите кои сакаат нешто да поднаучат можеби ке ги интересира...Силата која ке делува на рамен и закосен кров на пример на тежината на еден кубик снег ке биде различна...Односно заради косините силата кај косиот кров ке биде разложена на две компоненти, нормално заради закосеноста и аголот на кровот, што нема да биде случај со правиот кров...Нели? Следствено на тоа на рамниот кров ке треба да се делува со пресметки и со материјали кои ке бидат многу покомплексни од оние кај закосениот кров, кој може да го направи и мајстор без школо.
Сливници...За да се направи еден квалитетен сливник, прво треба да се има познавање од областа на физиката, повторно неа ке ја спомнам, потоа треба да се има осет за работа и правец во просторот...Јас избркав 2 еминентни екипи, лимари, кој незнаева да наместат еден посран олук од 2 метра за да водата се слива во сливникот, а не да ја држи водата контра и да прелива од обратна страна...90% тврдам дека се неспособни, а оние 10% кој знаат како се работи се толку многу преценети, па дури и не можеш да дојдеш до нив...А ако успееш да дојдеш, верувај дека од што почнуваат да се лакомат за повеќе и повеќе пари, наместо на квалитет одат на квантитет, и со самото тоа и она кое го работеле како треба почнуваат да го фушарат.
Значи треба да имаш многу среќа при изведба на сливник за рамен кров.
Следен чекор е изолација, ако сметаме дека претходните два сме ги решиле некако...
Изолација по мене кај рамен кров е да не ти протече, односно изолација од вода, односно врнежи. Ради уштеда повторно ке кажам, 90% не сакаат да ја применат модерната технологија, односно употреба на хидромал флекс, конкретно кој се произведува од АДИНГ, или наместо во три слоја, кои се препорачани да бидат најмалку, го ставаат во максимум 2, разреден со вода, а остѕанатиот дел го крадат и го вградуваат додека работат приватно, т.е на тезга...Само тоа не е доволно за да имаш комплетна заштита на рамниот кров. Бидејќи не сум имал потреба да се замарам со рамни кровови, не сум бил нешто воодушевен да ја разработувам и оваа проблематика... Инаку кога веќе спомна базени...Јас знам дека базени се прават доле, во земја, а не на кров??? Или можа сум заостанат, па не знам дека почнале луѓево да прават базени по крововите. :)
Шала на страна...
Инаку да, точно е дека рамниот кров можеш да го пресвлечеш и со фолија за базени, но повторно ке кажам дека не гледам логика...
И 100% сум убеден дека не може да биде поефтино од класичен закосен кров...
Еве ти прост пример зошто ова го тврдам..
На кос кров од скапани профили и најефтин лим ке потрошиш 1000 евра...На рамен кров со истите материјали ке потрошиш двојно повеќе, нормално заради подконструкцијата од профили кои ке мораш да ги употребиш...А рамен кров од бетонска плоча со изолација и сите тракатанци почнувајќи од сливници, преливници, ветерлајсни и пичке матерне има да потрошиш 4000 евра...
И во потполност се согласувам дека кај нас проблемот е дефинитивно во луѓето кои ги градат објектите а не во архитектите, затоа што прво нема контрола над тие што работат, а како второ 80% од архитектите не знаат со какви проблеми може да се соочат кога ке излезат на терен...секоја чест на исклучоците...

Ај да ги спомнеме и планинските куќи со кров како стрела...Мислам дека си збунет...Погоре објаснив како делува тежина на тело по единица површина на кратко и просто...Кога на кров од 25 квадрати ке наврне снег од 2 метра, дали имаш претставаколку кубика снег ке има и колкава тежина ке треба тој рамен кров да носи и каква статика претходно ке треба да биде пресметана за него?
А колкава тежина ке има на иста таква кукичка со кров како шајка? Никаква, затоа што нема да има снег на него! Целиот ке се свлече. Нормално....

Како и да е, кој како мисли така треба да прави...Но сите ке направиме, па ке видиме што времето ке каже :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #164 на: 12 Март 2012, 18:23:18 pm »
Сале градат луѓе базени на кровови :) Али не верувам дека е едноставно и ефтино решение.



За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.