Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1476242 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #120 на: 11 Март 2012, 00:49:57 am »
Беше ли некој на саем? Имаше ли нешто интересно - пуштите некое проектче :) Хот-Хот ја симнале цената на 280 евра/м2, клуч на рака нормално ;)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #121 на: 11 Март 2012, 00:52:52 am »
A бе реално и тоа е висока цена на еден начин...Инаку во принцип цените за градба, тврда градба се движат од 250 до 350 евра со клуч на рака...Мене ми побараа толку пари, во зависност од материјалите кои би ги бирал..Не зборам за ХотХот него за фирма, односно за предузимач кои би ги извел сите работи...Е сега на 250 евра он има заработка, а замисли на повеќе? :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #122 на: 11 Март 2012, 01:18:12 am »
Jaс бев, интересен проект макета комплекс на големи згради не обрнав мн. внимание на нив не ме интерсираше.
Друго стандард, немаше нешто интересно.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #123 на: 11 Март 2012, 01:43:19 am »
Oва не е куќа...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #124 на: 11 Март 2012, 12:36:06 pm »
Дечки, забегавте од темата...
Целава прича започна со прашање за и околу така наречените еко куќи, или бараки кои ке послужат како викендичка...
А овие куќиве од пред некој пост, воопшто не наликуваат на еко, а најмалку се па економични и евтини за одржување...

Значи јас би се навратил на темата и би рекол дека куќичките на Хот и Хот се идеални за викендичка, и за она што Џиџи го побара како совет. Инаку покрај Хот и Хот исто така вакви викендички, брвнари или еко куќи, како сакате наречете ги изработуваат и Леснина.
Сликите од куќичките кои ги постави zippo се класична изведба на градба од ваков тип.
Ствар на вкус се дали некому се допаѓаат или не, но гледано од аспект на функционалност по мене се Ок. Па еднаш неделно ке се престојува во нив, нема секојдневно...Ова е класика како што реков, и е одлична за викенд куќа на просечен граѓанин...
Се што е ексклузивно е за оние што имаат многу пари...се разбира јас се држам за онаа: Испружи си ги нозете, колку што ти е долга чергата...
Не е нештото само да го изградиш и направиш, него трреба и да го одржуваш...


Јас не забегав во темата.

Тие што ги постирав јас се ЕКО куќи.

Се изградени од ЕКО материјали, најчесто тоа што се наоѓа во околината и направени се за да штедат енергија.

Разликата во дизајнот на куќа “класична“ (како Зипо што ја постави) и модерна куќа (како јас што ги ставив) ти е како да возиш кола со мотор од Лада и кола со Некој ултра модерен Дизел (штедлив и енергичен). 

Огромна е предноста на модерен дизајн, затоа и го потенцирам тоа. Цели науки имаат луѓето направено за тие проекти и многу повеќе се вреднуваат од колку класичните градби.
Кога тоа ќе почни и кај нас де се применува, прашање на време. Се надевам побрзо...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #125 на: 11 Март 2012, 13:20:19 pm »
8-ца...Немој да ми кажеш дека полесно ке загрееш или оладиш прострор од 20 квадрати со висина од 2ипол метра, и висина од 4 метра, + еден дел отворен за скали, и еден односно цел ѕид направен од стакло...Ако е еко не значи дека е се од природен материјал направено, поготово ако тука го сметаш цементот и  стаклото итн...забегување е...
И убаво си кажа и си направи споредба со колите...Кај нас лада може да си дозволи да купи секој, ама дизел со ултрамодерен малолитражен мотор незнам...
Луѓе немаат кај да живеат, а не па да градат куќи со ваков дизајн...Да, ке се направи се, пеки. Најмал проблем е тоа...Но после што правиме за одржување? + Кога ке му стигне струја на први од 20 иљадарки ке се чуди...Таква куќа не се грее со кварцна греалка, или со електричен панел ;)
А скапано викендиче со едно сопче можеш и со фен да го загрееш...
Мислам дека прашањето и дискусијата беше поинаква на темава ;)
Барем јас така ја сватив...Можда сум грешка, а ако е така се извинувам... :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #126 на: 11 Март 2012, 13:27:15 pm »
Не си грешка Сале - напротив !

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #127 на: 11 Март 2012, 13:33:52 pm »
Конкретно за греењето, добра изведба на подно греење е задолжителна, според мене. И за цена, и за ефект и за се. :) Особено во комбинација со мини геотермален систем, и клима уред со инвертор (или плинска греалка, или на нафта или на дрва). Намалена потрошувачка на енергија од 3 до 4 пати, во однос на конвенционално загревање. А кај високи простории над 3 метри и повеќе од четири пати заштеда. :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #128 на: 11 Март 2012, 13:40:47 pm »
Не ме разбирате.

Не зборувам јас да дадете грдни пари за да ви изгледа така куќата. Зборувам за исти пари што можите да добиете.

Дизајнот и те како доаѓа во улога при архитектура. Зборувам за паметно искористен дизајн, паметно искористување на околината.
Има многу за анализирање на осонченост, вентилации, проветрување, сенки итн.....

Ако некој добар архитект проектира куќа специфична за конкретно место, многу повеќе можи да приденеси за подобро, поквалитетно и поекономично живеење. За разлика од Хот-Хот кој ти дава да си одбериш куќа од каталог и те прашуваат каде да ја монтирааат.

Значи ист сума на вложување + дизајн = Поголеми придобивки.

Сале ако има големи прозори на југ, многу помалку ќе ти треба да го загрееш просторот од колку со мали прозори на север. ;)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #129 на: 11 Март 2012, 13:55:30 pm »
Кога стаса муабетов до загревање да прашам и јас нешто. Реновиравме постара куќа од темел, планот ни беше да се грееме на парно на струја и поставивме подно во ходниците и во секоја соба инсталации за парно. Но како се качија цениве на струјата, а и најавите за уште поголемо качување почнавме да размислуваме за друг начин на греење зошто со струја ептен скапо ќе испадне. Највеќе за око ни падна греењето на пелети. Дали некој од тука има искуство со тие? Дали се добри за топлење и барем да се економични до пола од тоа што ги рекламираат. Во план ни беше најголемиот котел од понудата на кој може да се врзе котел за парно, и на кровот имаме 2 соларни панели кој се исто така врзани во системот. Куќата има вкупна површина од околу 220м2, 2 спрата и сутерен кој е 1.3м во земјата.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #130 на: 11 Март 2012, 14:02:56 pm »
Голема површина е, што и да правиш скапо ќе биди.

Јас не би одел на подно греење, не посебно во Скопје. Со оваа прашина што ја имам дома се во нос ти се качува. Прашина треба да бриши кај мене на секој 2 дена.
Подното е лошо заради прашината и ѓубрето кое се наоѓа на подот. Се тоа со помош на топлината се крева во воздухот. Многу лошо за бебиња, деца и постари луѓе.

Саше дали сте размислувале за котли на плин? Има веќе цели системи на плин. Поврзуваш парно, бољери по дома, се тоа. А со надеж дека ќе имаме плин во иднина, добро ќе ти се исплати.

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #131 на: 11 Март 2012, 14:03:27 pm »
.
« Последно менување: 05 Мај 2012, 01:40:21 am zippo »

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #132 на: 11 Март 2012, 14:08:26 pm »
Убаво е да имаш два независни системи, ако уште не сте купиле ништо, распрашај се за геотермално загревање. Посебно ако веќе сте ставиле подни цевки. 30КW еквивалент ќе добиеш со вложување од само 10KW, тоа значи од 15.000, на 5000 сметка за греење.

А за пелети треба оџак и автоматика за одржување на внесот, чистење. Не е лошо, имам едни пријатели со такво тазе ставено. Велат дека е добро и ефтино. Ама не поефтино од ГТ.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #133 на: 11 Март 2012, 14:11:16 pm »
Можиш да креваш спрат на монтажни куќи, тоа не е никаков проблем.

Луѓето се скептици од многу аспекти. Најмногу викаат, абе што е тоа, ќе мавнам со нога во ѕидот и ќе влезам кај комшијата. Епа ние по дома не маваме со нога во ѕидот. ЈБГ.

Иначе и јас сум за таа политика 18 год, чао и пиши ми. И дојди на викенд да се видиме.

Најголемиот проблем е тоа што оваа стратата/класична градба има длабоки корени кај нас. Зошто?
Затоа што понудите му се ептен багателни, а проектантите не доволно искусни за модерни технологии.
Јас сум млад и смел и сакам да експериментирам, ама татко ми не сака. Оди да те видам убеди го да изгради нешто од челик или дрво. Уби боже.
Бетон и арматура и КРАЈ!!

Моментално понудата кај нас на мајстори за ѕидање е следнава: Ти ги викаш мајсторите да ти шаловаат скелет бетонски. Во таа цена ти викаат дека гратис ѕидаме и ѕидови.... И сега математика. За исти пари добиваш шаловање - бетон + ѕидање на сите ѕидови во куќата (внатрешни, надворешни).
А ако сакам јас да не ѕидам, да си ставам вакви модерни фасади и внатрешни гипс- ѕидови, ќе треба да платам дупло. Еднаш за шаловање, па после други мајстори за ѕидови.....


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4998
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #134 на: 11 Март 2012, 14:13:29 pm »
Јас што сум читал искуства на луѓе со пелетите излегува дека баш и не е така евтино како што се раскажува