Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1788952 пати)

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4143
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9180 на: 08 Мај 2026, 10:07:47 am »
Мене лимарот ми изработи вакви што одат од олук во 120к цевка.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8359
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9181 на: 13 Мај 2026, 18:43:57 pm »
Дали некој имал искуство со решавање на капиларна влага да познавате некоја фирма шо се занимава со овој проблем ?




На нет ми излезе фирма од СК (паневски градба) https://www.facebook.com/profile.php?id=61555821315839 кои што работеле дирекно под германската фирма и даваат гаранција на сработено од 20години  https://www.veinal.de/?fbclid=IwY2xjawO4wB9leHRuA2FlbQIxMABicmlkETFTTk92Q0xMZ2xjZk93ZmlVc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHsQgQ8dHBurmoy5o4-YJ9XUNAcWQHgKD8cnjyOPDYJXseoS6uhCIp1AH6QhX_aem_9x_TzY2AJ2-arpWUGqJidQ.
Цената му е прилично скапа од 150-300е од м2 зависи од количеството на влага
Беше човекот кај мене. Ми остави впечаток на принципиелен и педантен човек.

Мереше и ми рече дека нема влага во куќата, дека е само кондензација. Дека не дише куќата. Ми рече ако сакаш на нотар ќе ти потпишам, куќата е сува.

Ми препорача некои вентилатори од Германија и Италија, што разменуваат воздух.

Зборев со некои фирми, рекуператори наводно се викаат, ако се тие. Со керамички изненувач за да вратат иста температура на воздухот дома. Се поставуваат согласно квадратурата и кубатурата на просторот. Ваилант беше 600 евра еден. Друга фирма по 200 евра ги имаше на понуда.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8359
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9182 на: 13 Мај 2026, 20:24:29 pm »
...
« Последно менување: 16 Мај 2026, 19:40:36 pm pirat_07 »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5396
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9183 на: 14 Мај 2026, 14:29:44 pm »
Ми препорача некои вентилатори од Германија и Италија, што разменуваат воздух.

Зборев со некои фирми, рекуператори наводно се викаат, ако се тие. Со керамички изненувач за да вратат иста температура на воздухот дома. Се поставуваат согласно квадратурата и кубатурата на просторот. Ваилант беше 600 евра еден. Друга фирма по 200 евра ги имаше на понуда.

Рекуператори служат за заштедување на дел од термалната/енергетската загуба што се дешава при вентилација. Јас сериозно размислував за купување ама полека се откажав откако разбрав две работи: Прво нереално беа скапи (тогаш барем, не знам денес) за нивото на заштедата (пресметано во пари). Второ, во Скопје проблемот е загадениот воздух и кога е ладно времето едноставно не сакаш да имаш вентилација - или изборот е меѓу загаден воздух и влага.

Крајно има уште еден фактор за влагата: Температура.
Повисока температура дома (повеќе греење) е еднакво на повисока точка на роса и со тоа, помалку влага.

Заклучок (мојот): Рекуператорите се прескапи за заштедата, имаат смисла и намена на западот каде што струјата е поскапа и каде што воздухот надвор е почист.
Чисто за вентилација на ладно време, доволно е да подотвориш прозори онака по малку... Кога не е премногу загадено. Исто така и да грееш на повисока температура дома, и да инвестираш во надворешна изолација.
Ќе даваш повеќе пари на греење ама тоа е тоа.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4143
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9184 на: 14 Мај 2026, 21:49:26 pm »
Имам јас рекуператор од Mitsubishi (VL-250CZPVU-R-E) во куќа, една битна работа е дека во куќа која е скоро па херметички затворена размената на воздух, и конторлата на влага по принцип на автоматско интензивирање на размена на воздух во случај на зголемана влага од готвење или бањи. Покрај тоа ова го држи и нивото на ЦО2 на пристојно ниво, ем во текот на ноќта летно време може да помогне рамномерно да се внесува ладен воздух на секаде со автоматски бајпас мод. Инаку не верувам дека термичките мостови како што е овој ќе се реши со рекуператор целосно. 

Куќава е во село не е во Скопје, но токуму хепа филтерот на разменувачот помага за прочистување на воздухот наместо да отовориш прозор зимно време во Скопје.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6342
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9185 на: 08 Јуни 2026, 14:18:04 pm »
Има некој изработено сам плисе комарник ?
Гледав некои видеа не е нешто сложено, ама не знам дали имаме продавница што продава “рефус” од потребниот материјал, тоа плисето, профилите, јаже и сл.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2146
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9186 на: 08 Јуни 2026, 19:54:29 pm »
Има некој изработено сам плисе комарник ?
Гледав некои видеа не е нешто сложено, ама не знам дали имаме продавница што продава “рефус” од потребниот материјал, тоа плисето, профилите, јаже и сл.
Овие знам порано даваа да си купиш што ти треба https://www.facebook.com/bamplast/ сега дали уште и дали ке ти пуштат по карго ке треба да прашаш, мада ја имам такви и не сум задоволен доле од шината мрежата логично не иде до доле зошто е цик цаки влагаат бубачки ситни пак крупни не ама ситни да. Сега би идел на класичен колку и да изгледа грдо на отварање итн.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6342
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9187 на: 08 Јуни 2026, 20:03:09 pm »
Фала,баш ќе прашам.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html