Клабери, во план сум да инвестирам во еден покомплексен објект, со неколку простории, од кои за секоја фаза на производството на ракија, треба да има по една. Значи треба да се изгради деловен објект, кој ќе ги задоволи барањата на агенција за храна и ветерина, како и на Царинска управа.
Во план е подрум од тврда градба, над него приземје од неколку простории и поткровје како за домување. Е сега имам многу нејасни прашања за кои допрва ќе шетам по институции, но ако имате искуство со некое прашање, би ве замолил за асистенција.
Дали да се продолжи со тврда градба над подрумот (кој ќе е тврда градба), или да се оди со монтажен објект со панели?
Подрумот ќе биде минимум 100 м2, зависно од буџетот и до 200м2. Така и приземјето. Поткровјето пола од другото.
Ако се оди со тврда градба, нема да има термо фасада. Може и да изостане кров, поради намалување на трошок.
Монтажен објект од дрвена статика со тоа што следува.
Монтажен објект од железна конструкција со сендвич панели или што и да следи.
Да или не и зошто, цена, квалитет, изолација, долготрајност...?
"Монтажни деловни објекти: Полесната конструкција често бара помалку документација, но сепак треба да ги исполнува условите од урбанистичкиот план."
Дали ова менува нешто или исто си сјебан?