Шо искуство имате со трпезариски маси од масивно дрво?
На прв изглед мене вака по салони ми се убави, ама пошто е дрво, стабилно е во домашни услови и користење?
Оти вчера во Sarajeva една маса покрај стакларникот беше како чамец свиткана, чаша да истуриш нема од каде да истечи,
а на таа шо седев имаше геп направено меѓу штици танок онака како влакно ама рачунај со црнила пополнет и неубо изгледаше.
Џабе масивно/лепено дрво ко маса од работилница изгледа.
Гледам и цените не им се ефтини за орев ако сакаш пример, ама шо ако платам толку пари и по некоја година погрда од обична иверица да испадни.
Ако е како што треба изработено нема да има проблем, она ќе варира со влажноста ама без да се појават пукнатини и без да забележиш, дрвото треба да биде под 9% влажност и пожелно под масивната плоча U канал со железо,
Ако сакаш чист масив со пристапни цени види во
Астал оти имаат сопствена сушара и голем избор на видови на дрво, за комбинација со епокси разгледај ги и
Treelogy,
Monozero или
Mokko.
Каде и да гледаш прашај како е финиширанa, едни од најквалитетните финиши денес се двокомпонентните масла на Осмо или Rubio Monocoat.
Јас ја видов
масава од орев во Југоекспорт и инстантно се заљубив многу е поубава во живо, пред месец дена беше 173 724 денари и уште по иљадарче за стол, сега гледам пониски цени онлајн.
Финишот беше перфекција, silky smooth на допир ама за со деца до барем 6 години дефинитивно не е паметно.
