Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1477001 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8535 на: 29 Декември 2022, 17:07:22 pm »
@Van без греење до сега во собата не е паднато под 19-19.5 степени, ама оваа година намалив во просек во цел стан за 0.5 степени да биде. Место 21-21.5, сега околу 20.5-21 (повеќе накај 21, пуста
жена зимурлива).
Тоа со регулациите може да функционира по јавни објекти, фирми и слично, дома тешко. Ние полека се привикнуваме на овдешни нормални температури за дома, зашто во Скопје ни беше 24-25 степени во станот. Немаше можност за регулација како тука. Е сега јас би сакал да се сите како мене дома, и на 20 да им е таман, а не на 21 или и повеќе како што сака жена ми, па водиме војна за тоа. За спиење е друго, за децава околу 20 им е во соба,некогаш и нешто помалце, и приметив дека подобро спијат и полесно заспиваат отколку кога им беше 21. Плус и од лани се за една година поголеми.
Што се однесува за решенијата, второто не е изводливо, зашто не е мој станот, а за додавање изолација од надвор треба цела фасада да се менува и за тоа треба цела зграда да се сложи и да сноси трошоци, што мислам дека и нема потреба, а и не можам јас да потегнам такво нешто, не сум сопственик на стан.
Така да останува 1 и 3. Се грее преку ден додека жена ми работи таму, а јас кога работам не баш. Вентилација може повеќе, ама пак кој ќе слуша крекање затвори се смрзнав :)))

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10969
  • 430i
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8536 на: 30 Декември 2022, 11:06:01 am »
Од пред некој месец во спалната во ќошот горе почна да се појавува ова на сликите подоле. Во станот сме скоро 3 години, ова се појавува сега во спалната.
Двата ѕида се надворешни кои го прават ќошот, додека над мене има стан, те не е кров над мене.

или се отселиле комшиите, или не ја греат таа соба годинава

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8537 на: 30 Декември 2022, 12:53:05 pm »
Не се отселени, а дали ја греат спалната не би знаел :)
Ме мрзи деновиве да земам да испрскам и во спална и во купатило да ја тргнам мувлата, али кога ќе ме одмрзи ќе ставам пред и после фото.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8538 на: 30 Декември 2022, 13:02:04 pm »
Не се отселени, а дали ја греат спалната не би знаел :)
Ме мрзи деновиве да земам да испрскам и во спална и во купатило да ја тргнам мувлата, али кога ќе ме одмрзи ќе ставам пред и после фото.
Испрскај со Варикина од Алкалоид :D
Нема поефикасно средство.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8539 на: 30 Декември 2022, 13:11:34 pm »
Има поефикасни, само исто мирисаат многу дека се со хлор и не се препорачува за у спална тоа. Земав сега без хлор, мислам дека ќе биде помалце ефикасно од истото овакво само со хлор.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14294
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8540 на: 31 Декември 2022, 10:55:41 am »
Стандард проблем за Германија.Досега јас сум немал,ама познавам луѓе што имале/имаат.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8541 на: 01 Јануари 2023, 18:05:00 pm »
Здраво,

Имам проблем со влага (мислам дека е капиларна влага) на зид западна страна на приземје од куќа. Изградена е пред 8-9г  до лани  не седеше никој во неа од оваа година почнав јас. Пред да се вселиме веќе имаше влага на некои зидови си мислев дека е фатено од шо не седи никој не се греј не се луфтира итн... Го ископавме малтерот до кај шо беше влажно го наполнав со лепак, мрежа,абрип на крај поликолор и еве по 5-6 месеци пак се појави  :-\


Гледав на YouTube начини за санирање па дали некој слушнал некој во Бт или пошироко да се занимава со стручно решавање на овој проблем ? 
Еве и некое видео
https://www.youtube.com/watch?v=3bxUohhyWGc&t=104s
https://www.youtube.com/watch?v=eaoGRk4ehgI

Куќата има изолација стиропор 3мм, здравје на пролет јас планирам да му залепам на веќе постоечкиот уште 8 мм стиропор,  знам дека то не го решава проблемот пошто претпоставувам влагата трга од темелот па шири нагоре

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8542 на: 01 Јануари 2023, 18:08:11 pm »
Зборувано е поназад. Нема каде да се вентилира надвор и оди на најблиското место кое кај тебе е внатре.

Треба да се ископа од надвор околу 1м длабина да се наполни со крупни камења да се стави мрежа и да се стави фолија одозгора за да не оди дожд таму. И така ќе има низ камењата вентилација ѕидот наместо да ти оди дома.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8543 на: 02 Јануари 2023, 18:48:06 pm »
Зборувано е поназад. Нема каде да се вентилира надвор и оди на најблиското место кое кај тебе е внатре.

Треба да се ископа од надвор околу 1м длабина да се наполни со крупни камења да се стави мрежа и да се стави фолија одозгора за да не оди дожд таму. И така ќе има низ камењата вентилација ѕидот наместо да ти оди дома.
Тешко можи да се изведи то нешто во близина е асфалтирана улица. Не да пробие на надворешниот зид туку внатре во во собата избива

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8544 на: 02 Јануари 2023, 19:14:58 pm »
Здраво,

Имам проблем со влага (мислам дека е капиларна влага) на зид западна страна на приземје од куќа. Изградена е пред 8-9г  до лани  не седеше никој во неа од оваа година почнав јас. Пред да се вселиме веќе имаше влага на некои зидови си мислев дека е фатено од шо не седи никој не се греј не се луфтира итн... Го ископавме малтерот до кај шо беше влажно го наполнав со лепак, мрежа,абрип на крај поликолор и еве по 5-6 месеци пак се појави  :-\
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Гледав на YouTube начини за санирање па дали некој слушнал некој во Бт или пошироко да се занимава со стручно решавање на овој проблем ? 
Еве и некое видео
https://www.youtube.com/watch?v=3bxUohhyWGc&t=104s
https://www.youtube.com/watch?v=eaoGRk4ehgI

Куќата има изолација стиропор 3мм, здравје на пролет јас планирам да му залепам на веќе постоечкиот уште 8 мм стиропор,  знам дека то не го решава проблемот пошто претпоставувам влагата трга од темелот па шири нагоре
На десниот крај од сликата тоа влагата се искачува косо нагоре или е сенка?

Јас имав кај мене во приземје слично, се појавуваше преку зима. Една зима обилна со снег, додека се топеше претходниот снег удри една лапавица која исто се отопи брзо, па убаво се натопи ѕидот. Тука заклучивме дека од надвор доаѓа водата преку непостојана жила.
Се копаше од надворешна страна до под темели, се стави од кај ѕидот пластика за таа намена (појма немам како се вика), се постави најсилен една цевка за дренажа и се наполни дупката со шљунак или како се вика, најодозгора го обновивме бетонското тротоарче..Се реши проблемот :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8545 на: 03 Јануари 2023, 09:54:41 am »
Еве пред и после фотки од мувлата во спална:






Користев средство без хлор, кое е осетно послабо од истото со хлор. Во бањата каде има спорадични точки од мувла, но самата точка е погуста од оваа во спалната, речиси и да немаше ефект. Ќе го оставам цела вечер да отстои на мувлата, како што препорачува и производителот ако за 15 мин нема ефект.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8546 на: 03 Јануари 2023, 10:46:06 am »
Мириса?

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13946
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8547 на: 03 Јануари 2023, 10:52:02 am »
Освен додатна изолација од надвор за да не ти е ладен ѕидот, друго решение нема за вакви мувли.

Се разбира внатре да внимаваш на влагата, да речеме да не сушиш алишта во таа соба или слично.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8548 на: 03 Јануари 2023, 13:11:26 pm »
@Deni  многу малце, за разлика од тоа со хлор кое мириса бааги
@Carpathian Lord нема опција за дополнителна изолација. Ќе луфтирам почесто да има провев, а и ќе земам некоја кутија која апсорбира влага, ваљда ќе биде океј на долг рок. Алишта не сушиме дома.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8549 на: 03 Јануари 2023, 13:17:51 pm »
Кутијата на полица и таму на лице место во ќошот. А размисли да пробаш и со термостоп 2-5 раце од внатре.