Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1477005 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5559
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8520 на: 27 Декември 2022, 23:39:54 pm »
Колку може најфино да се истрга абрип, дали мож да дојди мазничко и дали ќе јави проблем дека ѕидовите се мачкани години наназад со поликолор и сл и имаат по некоја микро пукнатина од земјотреси,  сакам да се пробам една соба да освежам за ефтини пари, најмалце заебанција ми се гледа и физички и финансиски со 4/5 стотки за 25кг наспрема глетовање па еден куп стружење прашини срања итн.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8521 на: 27 Декември 2022, 23:58:15 pm »
Јас првпат читам дека може да се сртуга абрип...
Шо е тоа шо сакаш да го нанесеш 4/5 стотки/25кг?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5559
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8522 на: 28 Декември 2022, 00:11:48 am »
Не реков да го стружам,  ваљда се трга абрип барем така низ Битола  се вели,  не знам немам никакво искуство со материјалов,  еве пример ова.
https://www.mega.com.mk/product/pofix-700-full-abrib-1-5mm/
Или еве овај на видеово,  прилично просто гледа, само не покажаа  за тоа zagladzivanje како шо за уште малце помазно од ова да изгледа.
https://youtu.be/9WTB_F8brHk



Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
« Последно менување: 28 Декември 2022, 00:21:24 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8523 на: 28 Декември 2022, 00:30:44 am »
1.Подлога за внатрешни ѕидови.(се суши 12ч)
2.Лепак/мрежа/глетување.(се суши 48ч)
3.Повторно подлога за внатрешни ѕидови.(се суши 12ч)
4.Нанесување абриб и рајбање (реално тешко оваа да го сработиш сам,абрибот сака брзина и вештина,самиот те брка 😊 ,од тој абриб шо си го постирал можеш да извадеш околу 7-8 квадрата од вреќичка,потоа се суши 48ч)
5.Фарбање
Едит...Оваа на видеото ти е пластичен абриб,тој е пластифициран и се тонира во кофа,со 1.5мм можеш да извадеш 10 квадрата,подобар и поскап е околу 40€ кофа (зависно бојата)
Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
« Последно менување: 28 Декември 2022, 00:42:43 am riki_staff »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6453
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8524 на: 28 Декември 2022, 07:22:39 am »
Зошто мрежа на веќе малтарен ѕид, и зошто фарбање кога абрибот е веќе бел?

Цитат
Ukoliko se radi kompletan termosistem-termofasada, lepak i mrežica su sastavni deo istog. Ukoliko se dekorativni završni malter nanosi npr. na malterisani fasadni zid (stabilna cementna podloga), lepak i mrežica nisu obavezni.


Имаш и „единица“ абриб ако сакаш пофино.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8525 на: 28 Декември 2022, 08:14:18 am »
За  да испадне како шо треба едноставно мораш се да ставеш,тој кажа дека има и пукнатини,веројатно има и нерамнини па се би " китирал" едноставно кажано.
Ѕидовите спомна дека се нанесени абриб (веројатно некој поедар абриб или од овој со шари) и кога веќе мора да се нанесе лепак за да се израмни површината,а без мрежа не може баш да “испеглаш" како шо треба,т.е кога пеглаш со џилет и дојде некое камче од абробот џилетот одрипува и се појавуват "мрцки".
Ај да кажеме може да помине тоа ако се става 2мм абриб,ќе се покријат мрцките,поситен абриб сака помазна подлога (во негов случај 1мм ако сака).
Паа минералниот абриб и не е баш бел и многу лесно се рони кога не е офарбан.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8527 на: 28 Декември 2022, 14:36:01 pm »
Mалку е намалување од 3/4 проценти, а зголемувањето е 7.7 %
Ама ајде ок, нешто е подобро од ништо.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8528 на: 29 Декември 2022, 00:15:51 am »
Еве го!!!

https://emagazin.mk/od-1-anuari-poevtinuva-stru-ata-za-doma-instvata-vo-prv-i-vtor-blok-i-za-malite-potroshuvachi/

Многу јак овој стих:
"-За да не се почувствува ефектот од зголемувањето на ДДВ, ги намаливме цените во првиот и вториот блок, рече Бислимовски, информирајќи дека делумно се прифатени барањата на енергетските компании, како и дека има фактори на корекција кои ги имплементирале во одлуката."

Да видиме колку ќе освежи песнава кога ќе го ажурираат калкулаторот. :)))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8529 на: 29 Декември 2022, 12:52:55 pm »
Пробав да најдам соодветна тема, ама изгледа нема, па ајде тука ќе пишам.
Од пред некој месец во спалната во ќошот горе почна да се појавува ова на сликите подоле. Во станот сме скоро 3 години, ова се појавува сега во спалната.
Двата ѕида се надворешни кои го прават ќошот, додека над мене има стан, те не е кров над мене. Од надвор гледав нема некоја влага на фасадата, ниту пак проаѓа некоја цевка во близина ни од надвор ни од внатре.
Не сум сигурен дали е мувла или е нешто друго.
Ако е мувла, веќе купив средство за чистење мувла за во купатилото, дека има веќе почетоци на мувла таму, како и пред 2 години, па ќе прснам да исчистам.
Ако е нешто друго, ве молам за совет како да го решам и спречам повторно да се појави.



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8530 на: 29 Декември 2022, 13:00:30 pm »
Пробав да најдам соодветна тема, ама изгледа нема, па ајде тука ќе пишам.
Од пред некој месец во спалната во ќошот горе почна да се појавува ова на сликите подоле. Во станот сме скоро 3 години, ова се појавува сега во спалната.
Двата ѕида се надворешни кои го прават ќошот, додека над мене има стан, те не е кров над мене. Од надвор гледав нема некоја влага на фасадата, ниту пак проаѓа некоја цевка во близина ни од надвор ни од внатре.
Не сум сигурен дали е мувла или е нешто друго.
Ако е мувла, веќе купив средство за чистење мувла за во купатилото, дека има веќе почетоци на мувла таму, како и пред 2 години, па ќе прснам да исчистам.
Ако е нешто друго, ве молам за совет како да го решам и спречам повторно да се појави.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..) (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..) (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Зборувано е слично:
Земи кантиче пробај.

Кај што била мала разликата помага. Ако е голема температурна разлика не е магија. Остава 2мм филм, или 1мм зависи колку ќе гонаправиш, може и да се прска ќе е уште потенко. Пробај во еден шпајз или позади фрижидерот или позади комода или позади плакар и ќе видиш како излага и дали ти е океј.

Убаво е за места кај ше нема место за изолација, околу прозорци, или еве вака некои ќошиња. Или некој столб што носи ладно внатре итн.

Значи 2цм стиропор од внатре ќе си е подобро.

5цм стиропор внатре ќе си е подобро.
1цм стиропор и гипсана плоча ќе си е подобро.

5цм стиропор од надвор ќе си е подобро.

А ова е или привремено, или дополнително, или за некои места недостапни и слично. Или плус на веќе изолирано. Или пак прво да намачкаш на ѕидот, па 1цм стиропор па гипс, за да не ти се крати од собата многу - ако е мала.


Мислам дека цената е оваа, ако уште важи. Може ја качиле. https://www.rojalinvest.com.mk/termo-izolacii

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8531 на: 29 Декември 2022, 13:18:12 pm »
Според тоа како набабрило и распукало како да доаѓа вода од некаде.
Или па е од поодамна влагата но дури сега ескалирало и си приметил.
Мувла секако си има.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6453
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8532 на: 29 Декември 2022, 13:38:10 pm »
Јас мислам влажност поголема имаш во собата, ќошот е најладен, кондензира таму, и ете ти мувла.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8533 на: 29 Декември 2022, 14:34:37 pm »
Според тоа како набабрило и распукало како да доаѓа вода од некаде.
Или па е од поодамна влагата но дури сега ескалирало и си приметил.
Мувла секако си има.
Тапет е, такви се скоро сите тука во Германија, рапави. Нема мазни ѕидови, па ни плафонот. Затоа може личи како распукано. Може и да има протечено од горе од комшијата, па додека санирал да се има собрано вода па отишла навака. Вака на додир не е мокро.
Што се однесува до влагата, просечно мислам дека е повлажно тука, јес да луфтираме редовно, ама има и друг фактор тука изгледа. Собата ретко се грее, барем јас кога сум home office, жена ми е зимурлива па она ја грее.
Ќе исчистам сега со средството што го порачав, ќе мерам влажност и ќе земам од тие кутиите/ќесите за одвлажнување. Ќе видам после дали пак ќе се прави, па здравје на пролет може и да премачкам со нешто. Ако е постојан проблем, ќе го известам газдата.
Фала за мислењата и советите.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8534 на: 29 Декември 2022, 15:45:57 pm »
Јас мислам влажност поголема имаш во собата, ќошот е најладен, кондензира таму, и ете ти мувла.
Ладен мост има, таму каде е најладно најлесно се постигнува точка на роса и влагата во воздухот кондензира.

Чим немало, а сега се појавило... Претпоставувам е пошто сега се грее на пониска температура. @ficomk на колку греете според регулации/дозволи, нели имаше некое ограничување од државата?

Како и да е, можни решенија:
- повеќе греење
- помалку ладење (додавање изолација)
- повеќе вентилација

Јас би одел на првото и третото.