@Van без греење до сега во собата не е паднато под 19-19.5 степени, ама оваа година намалив во просек во цел стан за 0.5 степени да биде. Место 21-21.5, сега околу 20.5-21 (повеќе накај 21, пуста
жена зимурлива).
Тоа со регулациите може да функционира по јавни објекти, фирми и слично, дома тешко. Ние полека се привикнуваме на овдешни нормални температури за дома, зашто во Скопје ни беше 24-25 степени во станот. Немаше можност за регулација како тука. Е сега јас би сакал да се сите како мене дома, и на 20 да им е таман, а не на 21 или и повеќе како што сака жена ми, па водиме војна за тоа. За спиење е друго, за децава околу 20 им е во соба,некогаш и нешто помалце, и приметив дека подобро спијат и полесно заспиваат отколку кога им беше 21. Плус и од лани се за една година поголеми.
Што се однесува за решенијата, второто не е изводливо, зашто не е мој станот, а за додавање изолација од надвор треба цела фасада да се менува и за тоа треба цела зграда да се сложи и да сноси трошоци, што мислам дека и нема потреба, а и не можам јас да потегнам такво нешто, не сум сопственик на стан.
Така да останува 1 и 3. Се грее преку ден додека жена ми работи таму, а јас кога работам не баш. Вентилација може повеќе, ама пак кој ќе слуша крекање затвори се смрзнав
))