Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Другари , сакам да земам викендичка околу Скопје каде што ке можам да бегам секој викенд во периодов што следи(загаден). Целта ми е да запалам кола и да стигнам горе доле макс за 1 час, местото да е чисто не загадено, не ме интересира да има ништо друго само природа и асвалт бар за една кола да мине а да не ја искршам. Добродојдени ми се ваши совети предлози за такви места(опција е и плац). Предвиден буџет за овој зафат ми е 50-60 илјади евра. Фала
Имам некоја замисла за изградба на викендичка во А-frame облик, нешто како на сликава:(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Со @osmica8 го начнавме муабетов, ама ме интересира за повеќе мислења, искуства и совети.Местото на изградба би било во Малешевијата на некој си 1000м надморска, условите во зима и лето ми се кристално јасни за такви места, едино нешто за што сакам да се осигураме и да не направам погрешен чекор од сам старт е почетокот на изградбата, а тоа е дали објектот да се гради на стопи одвоен од земја или на плоча бетонска?Струја и вода нема на местото, така да ќе се иде на фотоволтаици и танкови во кои би се собирала дождовница како санитарна вода со филтрации итн, но за тоа понатака.Секоја идеја, совет и слично би ми била од корист.
Нечини и многу гледање