Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1592072 пати)

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 781
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8430 на: 01 Ноември 2022, 17:12:10 pm »
Ве молам за препорака за мајстор кој треба да бетонира два квадрати простор и осум скали.

Sent from my...



Ako najdish takov meraklija za rabota odma da kazish..oti se izbezobrazija firmive denes ispod 3 kubika beton ne im se ide da te poglednat. imam edno dzidce da betoniram ama ne mi se kopa temel na raka. celo leto me matkaat..a sega a posle..da popusti sezonava ne znam shto. a kje ima 2-3 dena rabota so se kopanje shalovanje,polnenje i demontaza na shalovkata

Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 790
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8431 на: 01 Ноември 2022, 17:38:37 pm »
Сега ги прочитав коментарите за маките на членот со децата над него, па да споделам искуство.
Бев на гости кај другар кој има стан во новите згради на Адора во Аеродорм, оние розевите, првите изградени кај Лисиче.
Седевме подолно време, и после 23h се случи еден момент кога менувавме музика, и се деси тишина неколку минути, едноставно сите престанаа да зборуваат.
И само од еднаш едно 'тррррррт' се слушна, сите само се погледнавме и насмеавме.
Комшијата над другаров прдна во соба.
Почнавме да се смееме, да коментираме, и другаров мртов сериозен, вика, ајде со мене во спална, само тишина да е.
Одиме во спална и го слушаме комшијата до него како рчи кога спие.
Long story short, другаров не живее таму и станот се изнајмува.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8432 на: 01 Ноември 2022, 17:43:15 pm »
Имам некоја замисла за изградба на викендичка во А-frame облик, нешто како на сликава:

Со @osmica8  го начнавме муабетов, ама ме интересира за повеќе мислења, искуства и совети.
Местото на изградба би било во Малешевијата на некој си 1000м надморска, условите во зима и лето ми се кристално јасни за такви места, едино нешто за што сакам да се осигураме и да не направам погрешен чекор од сам старт е почетокот на изградбата, а тоа е дали објектот да се гради на стопи одвоен од земја или на плоча бетонска?
Струја и вода нема на местото, така да ќе се иде на фотоволтаици и танкови во кои би се собирала дождовница како санитарна вода со филтрации итн, но за тоа понатака.
Секоја идеја, совет и слично би ми била од корист.


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8433 на: 02 Ноември 2022, 08:30:08 am »
Убава замисла, што побрзо да си ја реализираш....ќе кажат постручните, ама мене ми изгледа дека е подобро да се изгради објектот на столбови одвоен од земја, пред се поради големата влага од земјата, плус и тој простор би можел да го искористиш.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8434 на: 02 Ноември 2022, 08:50:27 am »
Не се филмај за џабе, нема кај нас вакви триаголни прозори и триаголни конструкции.

 ;D

Зависи каков е теренот тогаш се поставуваат подкренати или на терен.
Ова на сликата е на многу стрмен пад и нема смисла да гради подруми. Исто така има опасност од некои води кои течат по планината. Па ја кренале куќата на столбови.
Исто така оваа куќа конкретно е дрвена. Крената е за да не скапува дрвото.

Ако е вака крената ќе имаш поголем проблем со загревање. Ако е на земја долната плоча има константна температура.

За влага и подземни води да не се секираш, има соодветни размислување и материјали во денешно време.


Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8435 на: 02 Ноември 2022, 09:04:24 am »
Ве молам за препорака за мајстор кој треба да бетонира два квадрати простор и осум скали.

Sent from my...
Ај да пробам уште еднаш.

Sent from my...


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8436 на: 02 Ноември 2022, 09:06:02 am »
Пиши од прилика кај се наоѓа.
Дали е за во Прилеп или во Драчево.

Фирма нема да дојди за толку малку. Ама некој локален можи ќе се најди.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8437 на: 02 Ноември 2022, 09:26:26 am »
Скопје, Козле, претпоследна 57.

Sent from my...


Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1999
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8438 на: 02 Ноември 2022, 09:32:58 am »
Имам некоја замисла за изградба на викендичка во А-frame облик, нешто како на сликава:

Со @osmica8  го начнавме муабетов, ама ме интересира за повеќе мислења, искуства и совети.
Местото на изградба би било во Малешевијата на некој си 1000м надморска, условите во зима и лето ми се кристално јасни за такви места, едино нешто за што сакам да се осигураме и да не направам погрешен чекор од сам старт е почетокот на изградбата, а тоа е дали објектот да се гради на стопи одвоен од земја или на плоча бетонска?
Струја и вода нема на местото, така да ќе се иде на фотоволтаици и танкови во кои би се собирала дождовница како санитарна вода со филтрации итн, но за тоа понатака.
Секоја идеја, совет и слично би ми била од корист.



Златен погледни ги дечкиве го имаат цел процес на порфилов сами како ја правеа ги пратам и желба за вакво нешто од кај нив ми доага https://www.instagram.com/8_ari_srece/?hl=en

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4022
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8439 на: 02 Ноември 2022, 09:37:37 am »
На ФБ ми излегуваше реклама за некоја фирма што гради ваква куќа во Охрид, ама не можам да се сетам на името.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5934
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8440 на: 02 Ноември 2022, 10:15:27 am »
Зоки  не му ја мисли многу за греење не греење со подот,  ако е вака местото со пад терај со стубови, а и да не е ако ти прај мерак терај, и онака самата триаголнеста форма  е зезната за греење, викендица е, не плаќаш струја, тури му курот на 1 кубик дрва плус и по некое панелче да одржава температура колку толку дур да се распали каминот пак сабајле :D
Иначе имам од татко ми цели регистри полни со списанија од ЈУ, Свој дом
,сам свој мајстор од 70та до 90та година. Во сите има по неколку страни нацрти за вакви слични викенд куќички, шо за прАење сам шо од ркој фирми тогашни за продавање, еден куп на пелистер ги имам препознаено од таму. Да најдам скенер и слободно време ќе ги кренам сите на нет,ги нема никој ставено, може ќе му с3 најд2 нешто корисно на некој.

Sent from my SM-A202F using Tapatalk
« Последно менување: 02 Ноември 2022, 11:39:15 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 790
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8441 на: 02 Ноември 2022, 11:05:35 am »
Имам некоја замисла за изградба на викендичка во А-frame облик, нешто како на сликава:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Со @osmica8  го начнавме муабетов, ама ме интересира за повеќе мислења, искуства и совети.
Местото на изградба би било во Малешевијата на некој си 1000м надморска, условите во зима и лето ми се кристално јасни за такви места, едино нешто за што сакам да се осигураме и да не направам погрешен чекор од сам старт е почетокот на изградбата, а тоа е дали објектот да се гради на стопи одвоен од земја или на плоча бетонска?
Струја и вода нема на местото, така да ќе се иде на фотоволтаици и танкови во кои би се собирала дождовница како санитарна вода со филтрации итн, но за тоа понатака.
Секоја идеја, совет и слично би ми била од корист.
https://www.facebook.com/dHouseConstruction
Прашај ги дечкиве.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8442 на: 02 Ноември 2022, 11:25:03 am »
Теренот е овој

Над патот каде што е чисто. Не е многу стрмно, ама си има косина. Затоа се мислам дали да биде на стопи-столбови колку да не лежи на земја.

Не се филмај за џабе, нема кај нас вакви триаголни прозори и триаголни конструкции.

 ;D

Зависи каков е теренот тогаш се поставуваат подкренати или на терен.
Ова на сликата е на многу стрмен пад и нема смисла да гради подруми. Исто така има опасност од некои води кои течат по планината. Па ја кренале куќата на столбови.
Исто така оваа куќа конкретно е дрвена. Крената е за да не скапува дрвото.

Ако е вака крената ќе имаш поголем проблем со загревање. Ако е на земја долната плоча има константна температура.

За влага и подземни води да не се секираш, има соодветни размислување и материјали во денешно време.


Од дрво ќе биде целата, освен платформата или столбовите. Дрво барем во Берово има, тоа ми е, да не речам се спремно бидејќи имам луѓе по дрварите таму. Имам прилика и за сува граѓа, да не сечат сега па да чекам да се суши. Дрво за горење исто така има, за тоа воопшто не се секирам, ама тоа не е толку битно, зимно време тешко да се иде натака често, иако во тој предел и пролет-есен се пали оган навечер.
Изолација по секако ќе си добие повеќе отколку што треба, во зависност од тоа колку ќе има стаклени површини. Кога сме кај прозори и стакло, не триаголник, може и шестоаголник да се направи.

Имам некоја замисла за изградба на викендичка во А-frame облик, нешто како на сликава:

Со @osmica8  го начнавме муабетов, ама ме интересира за повеќе мислења, искуства и совети.
Местото на изградба би било во Малешевијата на некој си 1000м надморска, условите во зима и лето ми се кристално јасни за такви места, едино нешто за што сакам да се осигураме и да не направам погрешен чекор од сам старт е почетокот на изградбата, а тоа е дали објектот да се гради на стопи одвоен од земја или на плоча бетонска?
Струја и вода нема на местото, така да ќе се иде на фотоволтаици и танкови во кои би се собирала дождовница како санитарна вода со филтрации итн, но за тоа понатака.
Секоја идеја, совет и слично би ми била од корист.



Златен погледни ги дечкиве го имаат цел процес на порфилов сами како ја правеа ги пратам и желба за вакво нешто од кај нив ми доага https://www.instagram.com/8_ari_srece/?hl=en
Гледам и собирам идеи, материјали, шеми и сл веќе година дена наназад. Не ангажирам никого, сам ќе правам се што можам да направам, секако со помош. Најтешкото во целиов процес ќе биде транспортот на материјалите, тука многу ќе се потрошам, ама кога веќе една куќа се изгради на местово, ќе може уште една.

Симо не му ја мисли многу за греење не греење со подот,  ако е вака местото со пад терај со стубови, а и да не е ако ти прај мерак терај, и онака самата триаголнеста форма  е зезната за греење, викендица е, не плаќаш струја, тури му курот на 1 кубик дрва плус и по некое панелче да одржава температура колку толку дур да се распали каминот пак сабајле :D
Иначе имам од татко ми цели регистри полни со списанија од ЈУ, Свој дом
,сам свој мајстор од 70та до 90та година. Во сите има по неколку страни нацрти за вакви слични викенд куќички, шо за прАење сам шо од ркој фирми тогашни за продавање, еден куп на пелистер ги имам препознаено од таму. Да најдам скенер и слободно време ќе ги кренам сите на нет,ги нема никој ставено, може ќе му с3 најд2 нешто корисно на некој.

Sent from my SM-A202F using Tapatalk


Имам слични книги на овие што ги кажуваш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8443 на: 02 Ноември 2022, 13:00:22 pm »
Ти посакувам среќа и се радувам што си се решил да правиш викендичка а не куќерда ко што прават огромен процент од нашите сограѓани кога всушност сакаат „викендичка“. Дополнително, мило ми е дека ќе ја вклопиш во амбиентот и правиш нешто соодветно, а не чир чиросан никаков гаден.

Браво!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8444 на: 02 Ноември 2022, 13:16:47 pm »
Да не зборам пред време, ама замислата е ова:
https://www.instagram.com/p/CgpC8nwsrFV/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

Секако ќе претрпи мали измени, претежно за стаклените површини.
Фала класен!