Да се преселам ако ми смета заради некој невоспитан и без култура. Наммерно секој може да биде таков и да исели цела зграда.
Немам сеуште деца али кога ке иммам така сигурно нема да се однесуваат.
Кога бев мал секојдневно си игравме бо стан кај другар и кога малку повеке ќе дојдеше до галама тој секогаш викаше полека ке им сметаме долу на комшиите, така беше научен од родителите и го почитуваше тоа.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Да пишам апдејт :
Договорив со комшијата над нив да ми даде клучевите од станот, и онака му е целосно празен. (се отсели)
Лупаа една вечер до 11 навечер. Ми зовре, им се качив, ми отвара татко им, извини комши, деца се, ми вика.
Во ред, деца се.
Следниот ден, викнав двајца другари. Вечерта накај 11, како дечиња сме трчале и рипале. Само друго е кога трчаме тројца по 100+ кг секој, друго е деца по 25/30кг.
Се качи комшијата за неполни 5 мин, и со мерак му реков, извини комши, ама децата на колега трчаат, и што да им правам, деца се.
Лупавме пак втора партија, 12 навечер беше. Ама не се качи.
Од таа вечер, до сега, милина е доле кај мене. Како на пердуви му газат децата/домашните... Значи, решение имало.
Знам дека ние тројцата што трчавме сме за онадење, ама ете решението е успешно.