Чоекот иако вика струјата не е биткоини, очигледно ја помешал со биткоини. Финтата е како јас да дојдам на 0 сметка со ограничување од 6KW панели, а не како да заработувам.
И тоа не можиш.
Се грееш на зима на 7.32ден, а на лето продаваш за 1.86ден. 
И тоа не е баш така. Струјата што си ја произведил, ќе се чита еднаш на 6 месеци, и после ќе се порамни со таа што си ја потрошил за тие 6 месеци. Ако има вишок ќе ти го платат по 1.8ден/KWh. Така да ти ако произведиш вишоци летно време ќе може да ги потрошиш во Ноември и Декември.
Барем така го рабрав напишаното во двата текстови на офф.нет
Ова мене смешно ми е ако е навистина така, што не ми се верува.
Таа летната струја твоја вишок не ќе се чува вмагацин за тебе да те чека на зима. Ќе ти ја купат за 1.86ден, ама ќе ти одбијат покасно од платеното на 7.32, пример.
Нема 100кв си продал, па 100кв имаш гага на зима, како така?

Пример, ако се грееш на струја, на зима ништо не продаваш реално, од „9 до 15ч“ ако цицниш нешто од сонцето амин, после тоа, ЕВН - скапа тарифа.
На лето, нешто користиш ама ете и нешто вишок правиш, ти ја купуваат.
Значи ќе заштедиш нешто, ама секој треба да си направи математика индивидуална дали му се исплаќа и за колку време ќе ја врати инвестицијата преку намалената годишна сметка.
А некое домаќинство на 0(нула) да биди, па каде го има тоа?
Да донеси будала закон да не ти ги земат парите.

Јас вака гледам, можи па и грешно гледам, појма немам...