Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1855345 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7740 на: 18 Мај 2021, 11:18:30 am »
Ги кренале цените мајсторите, ок.

Ама јас ќе барам многу повисок квалитет на изработка. Падови, дупки, герови......... се има да спие. Како од каталог да биди вц-то.
Иначе нема пари да видат.

Совет до сите. Не плаќањајте ништо додека не видите финиширано вц.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7741 на: 18 Мај 2021, 11:25:39 am »
Богами со вакви цени од погоре 2000 евра за 4 квадрати wc,  4 вециња месецот 8000 евра.. Јебеш Германија Норвешка, Македонија земја снова мајстора. Таман без работа сум некое видео можимда се изглеа  на јутуб + еден месец чирак кај локумот да местам плочки и спремен сум да плочкарам  соло :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7742 на: 18 Мај 2021, 11:40:24 am »
30м² плочки да купиш по 15е се 450€.
Лепак нека треба уште 100€.
Цевки и сл глупости уште 200€.Работна рака на мајсторот ете по 10€м²,30×10=300.
Идине до 1000€.Од кај ви излегуваат математиките по 2000€ и од кај си направивте филмови дека мајсторот ќе ги земи тие пари,чудим.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7743 на: 18 Мај 2021, 11:41:51 am »
Се сложувам дека сѐ си чини, само нека каже некој колку мајстори сретнале со:

1. Ласерски мерач и водилка за хоризонтала/вертикала
2. Воден циркулар
3. Брисилица за агли на плочка, каде нема да тееба после "украсни лајсни" да ставаш
4. Специјални круни се сите доводни приклучоци
5. Специјален лепак за врзување на пластични одводни цевки
6. Изолација на топла/ладна вода
7. Дренажа на вода
8. Циркулар за канали во ѕид, да не му влегува со штемајз/хилта па сите цигли да ги размрда
9. Итн

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2592
ЕКО куќи
« Одговори #7744 на: 18 Мај 2021, 12:59:33 pm »
Бре бре, сите занаетчии станавте, така мислите оди тоа, плукни залепи, одете пробајте да станете керамичар/плочкар и работете за 4-5еур квадрат.
Кога станува збор за рушење, кршење, изнесување шут, што не сработите сами, за тоа не треба учење? Епа нема да сработите зошто свесни сте која мака е и дека ќе треба шут да мкнете и да се прашувате кај да го фрлите. После рушењето каде е малтерисувањето, каде е кошулицата... Мојата понуда би била 2000еур за истото тоа што Ви барале 1500еур!
Да е само плочки лепење на спремно купатило, пушка прави ѕидови, пад на кошулица како што треба, премачкано со хидромал флекс, ставено У-врска и панцирна трака, (купатилото е околу 25м2 комплет со ѕидови, ако ти е 2 на 2м), јас би ти наплатил 250еур за работна рака и гратис од мене санитаријата ќе ти ја наместам.
Да е така лесно сите ќе беа мајстори и цената ќе беше пониска.
Никој не вели дека е лесно и дека нема заебанции. Затоа и се вика мајстор.Ама еве од тие 1200 еу, 200 еу нека одат за цевки, лепак и хидромал, 1000 евра работна рака е. 1000 евра. 1000 евра.

Секој сака да заработи ама никој не е глуп.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7745 на: 18 Мај 2021, 13:01:12 pm »
Вакво одамна се мислам да направам... :)
Какви механизми стави? Откаде, колку коштаа...?

Вакви зедов, дупли, сакав единечни, ама овие беа единствени, 80ден парот е. Како шо носам 45-ка вториот рафт, ништо не збира, влечки само.
Ако правиш сам, препорака моја со еден спрат, е сега нема да збира, а ако сакаш повеќе, со 35цм длабочина можиш фиоки да си направиш, ќе бидат попрактични.
Овие дуплите женски и детски обувки само собираат во двете нивоа.

Вакви имаш каде што се продава оков за мебел во скопје, Солопром или не знам каде, Битола една е.


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3945
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7746 на: 18 Мај 2021, 13:14:03 pm »
Значи читајте убаво горе, цената од 1500€ е за кршење на стари плочки, исфрлање на шут, средување на ѕидови и кошулица и менување на одвод и довод, не е само лепењето, башка со нивни лепак што не е некој трошок, 4кг лепак одат на квадрат, тоа се 6 вреќички за цело по 500ден квалитетен лепак ти се 50€.
Правиме муабет за квалитетен плочкар, не за приучен мајстор, и да тие работи одат по препорака.
Се сложувам дека сѐ си чини, само нека каже некој колку мајстори сретнале со:

1. Ласерски мерач и водилка за хоризонтала/вертикала
2. Воден циркулар
3. Брисилица за агли на плочка, каде нема да тееба после "украсни лајсни" да ставаш
4. Специјални круни се сите доводни приклучоци
5. Специјален лепак за врзување на пластични одводни цевки
6. Изолација на топла/ладна вода
7. Дренажа на вода
8. Циркулар за канали во ѕид, да не му влегува со штемајз/хилта па сите цигли да ги размрда
9. Итн
Ретко сум работел одвод и довод па не сум имал комплетен алат, ама секогаш сум користел:
1. Може и без ласер да се работи не викам не, ама секогаш сум користел во комплет со водилка, не за друго, мене ми ја олеснува работата, затоа што на многу места крај со крај не сум можел да фатам.
2. Кога како, во згради да, во куќи некогаш и не.
3. Универзално постоље е за мала брусалка, лајсни сум советувал да не се ставаат, сум форсирал да се "героваат" плочките, сепак краен збор муштеријата имал.
4. Круни за плочки обавезно.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7747 на: 18 Мај 2021, 13:20:37 pm »
Лошо е што секогаш кога ќе се прави, реновира нешто, сѐ некој ѕид, плоча нема ѓонија или не е рамно.  ::)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7748 на: 18 Мај 2021, 14:01:31 pm »
Јас не сум видел нов стан/градба со рамен ѕид.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7749 на: 18 Мај 2021, 15:49:06 pm »
Јас ни стар не сум видел, ако сум искрен ;D освен оние преградните ѕидови од бетонски платна што се градеа во 80ти и рани 90ти. ;D
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7750 на: 18 Мај 2021, 16:21:33 pm »
Се сложувам дека сѐ си чини, само нека каже некој колку мајстори сретнале со:

1. Ласерски мерач и водилка за хоризонтала/вертикала
2. Воден циркулар
3. Брисилица за агли на плочка, каде нема да тееба после "украсни лајсни" да ставаш
4. Специјални круни се сите доводни приклучоци
5. Специјален лепак за врзување на пластични одводни цевки
6. Изолација на топла/ладна вода
7. Дренажа на вода
8. Циркулар за канали во ѕид, да не му влегува со штемајз/хилта па сите цигли да ги размрда
9. Итн
Ако може повеќе инфо за бр5 и бр7

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7751 на: 18 Мај 2021, 17:44:16 pm »
Вакво одамна се мислам да направам... :)
Какви механизми стави? Откаде, колку коштаа...?

Вакви зедов, дупли, сакав единечни, ама овие беа единствени, 80ден парот е. Како шо носам 45-ка вториот рафт, ништо не збира, влечки само.
Ако правиш сам, препорака моја со еден спрат, е сега нема да збира, а ако сакаш повеќе, со 35цм длабочина можиш фиоки да си направиш, ќе бидат попрактични.
Овие дуплите женски и детски обувки само собираат во двете нивоа.

Вакви имаш каде што се продава оков за мебел во скопје, Солопром или не знам каде, Битола една е.

https://lh3.googleusercontent.com/proxy/DhjPkiCfkbAr1AxxFYBJSPv5l3YlcpfHzwRTFhrMG1J9BPB4h_Zm1tJ14YZr1csRELXOa2K4_jHS0Oe6z-kiUi97b3ouqj5dcazSbESPdusK69BVng7FPMx_iZp3M1vh_LAz8UWI8laF3ujvtyGcnlbvvGs2

Не го отвара линкот, ќе видам после од работа (А1 некогаш има проблеми со cloudflare и слични хостинг сервиси).

Значи муабетот е, симетрија на страна најпрактично е едната „фиока“ повисока за поголеми обувки а другите може и помали.
Фала.


Цитат
403. That’s an error.

Your client does not have permission to get URL /proxy/DhjPkiCfkbAr1AxxFYBJSPv5l3YlcpfHzwRTFhrMG1J9BPB4h_Zm1tJ14YZr1csRELXOa2K4_jHS0Oe6z-kiUi97b3ouqj5dcazSbESPdusK69BVng7FPMx_iZp3M1vh_LAz8UWI8laF3ujvtyGcnlbvvGs2 from this server. (Client IP address: 92.53.50.165)

Forbidden That’s all we know.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7752 на: 18 Мај 2021, 17:44:59 pm »
Кога спојуваш пластични цевки, да не биде гумен прстен, туки се премачкуваат надворешниот и внатрешниот дел од цевките со лепак, кој потоа ги "топи" а со тоа и ги врзува хомогено. Ова го имав видено на еден јутуб канал.

Обично топла/ладна вода цевките се мн блисму една до друга, па правилно е да се изолираат со пена за да не создаваат кондензација позади ѕидот а со тоа да се чудиш зошто по линија се појавува мува.


Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7753 на: 18 Мај 2021, 18:52:11 pm »
Кога спојуваш пластични цевки, да не биде гумен прстен, туки се премачкуваат надворешниот и внатрешниот дел од цевките со лепак, кој потоа ги "топи" а со тоа и ги врзува хомогено. Ова го имав видено на еден јутуб канал.

Обично топла/ладна вода цевките се мн блисму една до друга, па правилно е да се изолираат со пена за да не создаваат кондензација позади ѕидот а со тоа да се чудиш зошто по линија се појавува мува.
Тоа што го кажуваш ти, се u-pvc цевки, и никогаш не се користат за канализација.
За да не кондензира цевката, доволно е кај поцинкувани цевки армафлекс изолација да ставиш, а кај ппр цевки нема ни потреба.
Уште за дренажата делот не го разбрав
На youtube земјата е рамна

П.с. водоводџија наплаќа 200 еур по купатило,со негов материјал, за довод и одвод, без монтажа на санитарии.
Едно купатило кошта 1500-1800 еур, комплет со плочки, водовод, санитарии,бојлер 80лит, подѕидана туш кабина(пријател пред 1 месец реновираше)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7754 на: 18 Мај 2021, 20:23:01 pm »
Јас 3 понуди имав за реновирање, во сите ставката за довод и одвод беше од 400-500е.