Бре бре, сите занаетчии станавте, така мислите оди тоа, плукни залепи, одете пробајте да станете керамичар/плочкар и работете за 4-5еур квадрат.
Кога станува збор за рушење, кршење, изнесување шут, што не сработите сами, за тоа не треба учење? Епа нема да сработите зошто свесни сте која мака е и дека ќе треба шут да мкнете и да се прашувате кај да го фрлите. После рушењето каде е малтерисувањето, каде е кошулицата... Мојата понуда би била 2000еур за истото тоа што Ви барале 1500еур!
Да е само плочки лепење на спремно купатило, пушка прави ѕидови, пад на кошулица како што треба, премачкано со хидромал флекс, ставено У-врска и панцирна трака, (купатилото е околу 25м2 комплет со ѕидови, ако ти е 2 на 2м), јас би ти наплатил 250еур за работна рака и гратис од мене санитаријата ќе ти ја наместам.
Да е така лесно сите ќе беа мајстори и цената ќе беше пониска.