Значи читајте убаво горе, цената од 1500€ е за кршење на стари плочки, исфрлање на шут, средување на ѕидови и кошулица и менување на одвод и довод, не е само лепењето, башка со нивни лепак што не е некој трошок, 4кг лепак одат на квадрат, тоа се 6 вреќички за цело по 500ден квалитетен лепак ти се 50€.
Правиме муабет за квалитетен плочкар, не за приучен мајстор, и да тие работи одат по препорака.
Се сложувам дека сѐ си чини, само нека каже некој колку мајстори сретнале со:
1. Ласерски мерач и водилка за хоризонтала/вертикала
2. Воден циркулар
3. Брисилица за агли на плочка, каде нема да тееба после "украсни лајсни" да ставаш
4. Специјални круни се сите доводни приклучоци
5. Специјален лепак за врзување на пластични одводни цевки
6. Изолација на топла/ладна вода
7. Дренажа на вода
8. Циркулар за канали во ѕид, да не му влегува со штемајз/хилта па сите цигли да ги размрда
9. Итн
Ретко сум работел одвод и довод па не сум имал комплетен алат, ама секогаш сум користел:
1. Може и без ласер да се работи не викам не, ама секогаш сум користел во комплет со водилка, не за друго, мене ми ја олеснува работата, затоа што на многу места крај со крај не сум можел да фатам.
2. Кога како, во згради да, во куќи некогаш и не.
3. Универзално постоље е за мала брусалка, лајсни сум советувал да не се ставаат, сум форсирал да се "героваат" плочките, сепак краен збор муштеријата имал.
4. Круни за плочки обавезно.