Јас бев на дилема што да ставам во новото место. Логиката ми е следна:
1. Паркетот е нормално најдобро нешто. Ама не паркет од некој 30цм должина како време ЈУ, туку современ. Сметај мин 50е.
Тоа што е најдобро е и најскапо, покрај оваа цена, сметај на монтажа, брусење, лакирање.
Така да, ако пари не се проблем, и можеш да живееш со фактот дека за 2 години ќе му е ** мајката со гребаници и сл. терај.
2. Трослоен паркет ака таркет (по брендот како шо викаме веспа за скутер)
Исто добиваш дрво, лесен за монтажа, најчесто доаѓа веќе спремен. Цена околу 25-35 е. Имаш и бамбус за 30е.
Маана, уште полесно се гребе.
3. Бродски патос цена околу 600 ден,
@SaleSk имаше ставано се сеќавам, околу практичност/монтажа тој би знаел најдобро
4. Ламинат
Уште во старт, не гледај некој од 300ден. Добар ламинат од 600 па нагоре.
Предност е што нема никаква гребаница да видиш, за 1 се мести, ако после 10 год ти здосади, можеш лесно да го смениш итн. (последново важи и за 3слоен паркет, акп не е лепен)
Ние ќе одиме на 4 варијанта, најмногу заради практичноста и моментот дека со 4 и 2 годишно дете, ништо не може да преживее во следните 5 години. Едноставно, сакам утреден ако ми текне одма да го сменам а не да се заебавам со корнење, молење Бога дека кошулицата одоздола нема да се оштети, селење од станот, тргање цел намештај, па редење, стругање, прашини, лакови итн...
Плочка не би ставал во ист кош со ламинат, за мене имаат спротивна намена.
Бидејќи сум во фаза на реновирање, истовремено гледање и како тоа се прави во странство, можам само да заклучам дека за некои работи ние сме во камена доба во поглед на материјали за градба и правила на градба.