@Ipkisija Meskosa ако не е тајна, за која зграда/инвеститор станува збор?
Бев да прашам нешто повеќе за зграда на Елена Лука во Мичурин. На муабет и на хартија тоа што го имаат, мислиш во бункер ќе бидиш и нема да слушаш ништо па макар комшиите прават забава

Ги прашувам дали тоа е исто како претходните згради што ги имаат направено. Ми вика да исто а можеби и подобро, досега никој не се пожалил за звучната изолација. И тука им викам, чекај како се нема никој пожалано?!? Јас 2 години живеам во ваша зграда и нема никаква звучна изолација. Комшиите си прават нормално муабет, а јас ги слушам се, верувам и тие мене. Чутеше малку и ми вели ама затоа ги проектираме дневна со дневна, спална со спална (а спалната ми граничи најверојатно со кујната од комшиите и мислиш на глава ти ги ставаат чиниите кога ги редат во висачите

). Тука почутив и сфатив дека штом лажат и те уверуваат за нешто што го знаеш и си го искусил, којзнае колку лажат за друго. Ова претпоставувам е кај сите исто.
Затоа не верувај 100% во тоа што ти го кажуваат и го пишуваат. Хартија се крепи, реалноста е друга. Едноставно биди спремен дека ќе имаш топлинска изолација, ама за звучна моли се комшиите да се потивки и да немаат мали деца
