Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1855293 пати)

Отсутен Viktor4mkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7620 на: 04 Февруари 2021, 15:22:37 pm »
Дечки ај малку назад на оргиналната тема зашто не видов во последно време да се збори за тоа.
Некој со поново искуство за гредење на еко куќа ?
И предлози за некој со добра понуда за еко куќа , клуч на рака.

Што подразбираш под поимот „Еко“ куќа?

Ние правиме обични од овие по стандарди шо се.
Незнам дали влегуваат во тоа „Еко“.
Енергетски ефикасни, Еко куќа , монтажна куќа , како и да ги викаат , на тие мислам , како на hot-hot и слични.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7621 на: 04 Февруари 2021, 15:39:36 pm »
Тоа од прилика ќе му дојди како лош маркетинг.

Монтажни куќи за живеење кај нас нема. Ако некој ти вели дека тоа го прави. Не ти ја кажува вистината.
За секој објект мора да има проект, мора да помини во општина, мора да платиш комуналии.
Тој проект мора да биди направен со сите салтанати.

Еве конкретно Хот- Хот.
Тие не ти кажуваат дека ти мора да направиш темелна плоча и после тие да прават куќа над тоа.
Исто така не кажуваат како таа куќа е легална.
Дали тие ангажираат архитекти или ти ќе си ја бркаш цела постапка.


Иначе голема е разликата од Енергетски ефикасни и монтажни куќи.
Енергетско ефикасна можи да биди било каква куќа. Не мора да е монтажна.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7622 на: 04 Февруари 2021, 16:19:37 pm »
Тоа од прилика ќе му дојди како лош маркетинг.
Тоа ќе му дојде како очекувањата се различни од реалноста (овде).
Гледаме како е на запад и очекуваме нешто макар донекаде слично, ама овде е различно во секој проглед - различни се законите, и различни се понудите од претприемачите.

А регулациите како енергетскиот пасош, се смешни.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7623 на: 04 Февруари 2021, 16:54:18 pm »
Еве конкретно Хот- Хот.
Тие не ти кажуваат дека ти мора да направиш темелна плоча и после тие да прават куќа над тоа.
Исто така не кажуваат како таа куќа е легална.
Дали тие ангажираат архитекти или ти ќе си ја бркаш цела постапка.

Пред многу години имав прашувано за ова, ама прво што ти кажуваат е за фундаментот дека мора сам да си го направиш.
Што се однесува до дозволи, мислам дека логично се поставува тоа прашање дека мора комуналии да се платат - автоматски мора да ја почниш таа постапка.
Е ова не знам со архитекти, препотставувам треба тие?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7624 на: 04 Февруари 2021, 17:03:08 pm »
Еко куќа може да биде и куќа градена без емисија на ЦО2, со разградливи материјали, со фармски одгледаномдрво итн итн

;D ;D ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7625 на: 08 Февруари 2021, 08:00:57 am »
Дечки ми треба совет.

Морам по итно да сменам туш кабина.

Сакам да направам параван, по можност custom ради висината и ми треба плочкар да направи ѕидче, да го направи сифонот итн.

Препорака кај да се обратам за параванот и плочкар?

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1917
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7626 на: 08 Февруари 2021, 08:06:33 am »
Дечки ми треба совет.

Морам по итно да сменам туш кабина.

Сакам да направам параван, по можност custom ради висината и ми треба плочкар да направи ѕидче, да го направи сифонот итн.

Препорака кај да се обратам за параванот и плочкар?

Мислам дека нема да можеш да направиш само ѕидче и да завршиш работа.
Ќе треба да се извадат подните па и ѕидните плочки каде што ќе биде туш кабината, да се стави соодветна хидроизолација доле и по ќошевите па после да ставиш параван. Доколку се преместува или се вади нов сифин ќе треба да ти ја копаат и плочата.
Голема работа ќе си отвориш да знаеш.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7627 на: 08 Февруари 2021, 09:31:36 am »
Да знам, затоа сакам салам плочкар. Јас веќе имам прашувано пред некоја година, ама сеа дојде нож до коска. Едни ми викаа дека као немало потреба долу хидроизолација, јас сепак би сакал да има, да не си имам проблеми на подолг период. Има постоечки сифон.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7628 на: 08 Февруари 2021, 11:50:59 am »
Да знам, затоа сакам салам плочкар. Јас веќе имам прашувано пред некоја година, ама сеа дојде нож до коска. Едни ми викаа дека као немало потреба долу хидроизолација, јас сепак би сакал да има, да не си имам проблеми на подолг период. Има постоечки сифон.

070600854 Ivan

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7629 на: 08 Февруари 2021, 12:14:16 pm »
ne treba se da vadi, hidro izolacija 4-5 race, u vrska vrz nea i lepak za plocka na plock i fuga i arivederci
moze i samo da se podzacukaat plockite da se trgne glazurata, da ne e mazno, da bide rapavo za da "fati' poubo

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7630 на: 08 Февруари 2021, 14:25:26 pm »
Да знам, затоа сакам салам плочкар. Јас веќе имам прашувано пред некоја година, ама сеа дојде нож до коска. Едни ми викаа дека као немало потреба долу хидроизолација, јас сепак би сакал да има, да не си имам проблеми на подолг период. Има постоечки сифон.
Искрши ги подните плочки,премачкај со саглам изолација -прашај во Адинг, а не со водичката што премачкуваат плочкарите. На ќошевите нагоре стави безбоен силикон
За решетка и паравани ќе ти пишам во порака контакти

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7631 на: 18 Февруари 2021, 18:02:54 pm »
Еко куќа може да биде и куќа градена без емисија на ЦО2, со разградливи материјали, со фармски одгледаномдрво итн итн

;D ;D ;D

Се обидувама јас во последно време да научам за да утврдам што сакам да имам за она што планирам да го изведам. „Еко куќа“ одма го исфрлам како термин пошто тоа не е ни маркетинг туку е обична политичка кованица, слично како што оние кои сепарират отпад гордо сметаат дека рециклираат и ја спасува планетава од ѓубре (не дека не е дел од процесот, ама ако сакаш да си полезен подобро вложи труд во користење биоразградливи продукти).

Пробав да увидам што треба да направиш за да имаш еден од следниве потигнувања за куќата што јa бараш во однос на енергетската ефикасност и користење на останати ресурси, вклучувајќи и загадување на околината.

Следниве дефиниции и описи се далеку појасно опишани и се дефинирани кои аспекти треба да се земат во предвид за да се достигне соодветна цел.

За енергетска ефикасност два термина се наоѓаат во оптек:
-  NZEB - Near Zero Energy Balance House
-  Passive House
https://blog.passivehouse-international.org/passive-house-and-nzeb-how-do-they-relate/

Но понатака се оди и со останатите делови од Екологијата од името ЕКО. Користење на ресурси и загадувањето на околината треба да се земат во предвид дополнително.

Управување со вода за домашна употреба и управување на отпадна вода, производство на сопствена енергија,

- Self Sustainable House (Self Sufficient,Off grid)

Дополнително на ова треба да се земе во предвид користење на еклошки материјали за да се намали влијанието на околината и дополнително да можеда се рециклираат употребените материјали доколку се растура објектот.

При тоа начинот на изведбa/градба (мнтажна, дрвена, бетонска, стаклена) воопшто не ставена како услов за да се постигнат саканите резултати во одреден сегмент. Но, во некои случаи за да се постигне целта треба да се користат соодветни материјали.

Така да кога барате нешто „ЕКО“ прво сами со себе договорете се кој дел од ЕКО сакате да го добиете и колку пари сте спремни да вградите. Обично повртот на средства не е баш прималиви кога ќе се погледнат цените на изведба.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7632 на: 20 Февруари 2021, 14:54:28 pm »
Се надевам само дека нема да се сетат и ова да го применат овде кај нас:
https://www.google.com/search?q=What+is+the+variable+rate+for+electricity

Читам во САД мама им е*але со последните сметки за струја.
https://www.newsweek.com/one-texas-resident-still-has-power-his-bill-now-over-8000-1570343

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7633 на: 21 Февруари 2021, 17:11:57 pm »
Колку што разбрав ова е високо либерализиран пазар на електрична енергија. Од тој аспект потрошувчите биле прилично свесни кога прифатиле тарифен модел кој се менува од саат во саат зависно од моменталната состојба. Па просечната годишна  цена на некое домаќиндтво која била 2 долари дневно, сега кога крахирал системот станало  над 600 долари на ден. Но оние кои се сложиле да  плаќаат повиспка просечна цена кај друг дистрибутер и се со договор за цена и соодветно долг врменски период си ги задржале цените.

Споменатиот оператор Griddy на својот сајт им препорачива на своите клиенти да преминат кај друг оператор кој може тоа да го направи веднаш. Но во време на криза веројатно струјата ќе ја добијат оние со долгорочен договор а потоа останатит. Башка условите на договор сега не се исти како летото.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7634 на: 22 Февруари 2021, 08:12:58 am »
Да ми препорачате архитект за план на куќа за од прилика околу 140 квадрати.